Ако некој знае да направи комбинација која е како скроена за на работа тоа е Ралф Лорен. Неговата колекција за 2020 е комбинација од евергрин класики, како голема, кожна јакна, долги здолништа, плетени парчиња и јавачки чизми.
Прошетавме низ онлајн продавниците на брендовите достапни кај нас и направивме (зачудувачки), слични комбинации инспирирани од оваа „Ready to wear“ колекција.
Веќе втора сезона, рокерскиот изглед е во мода, особено во есен и зима. Кожна јакна со бело крзно од внатрешната страна, мартинки, ролка и темни фармерки. Rock on!
Сезонава се е макси! Па така и овој долг плетен фустан. Комбинирајте го со високи чизми и бела кошула.
Класичното широко, миди здолниште е повторно на сцената. Со бела кошула, каиш, чизми и мала чантичка. Комбинацијата сме ја виделе 1000 пати, но различна ја прават деталите. Можеби овие парчиња веќе ги имате, па доволно е само добро да ги „украсите“.
Монохроматски, сиво. Ние толку ќе кажеме, останатото нека го каже сликата погоре.
Не е дека многу излегуваме, но можеме да блескаме! Се надеваме дека набргу ќе може да се облечеме со повод. Ако тоа се случи еве предлог за црн и блескав изглед.
Никогаш доволно инспирација, затоа прочитајте го и првиот текст за комбинации инспирирани од Мајкл Корс.
Која Ви е омилена?