Кога веќе сé поесенивме, ајде тоа да го направиме и со нашите нокти.
Ви даваме неколку идеи како да си ги излакирате ноктите. Периодов сите
имаме малку повеќе време кое го поминуваме дома, па одлучивме да пробуваме интересни трендови. Ако ништо друго ќе ни биде поубаво типкањето на
тастатура или на телефон.
Еднобојни
Еднобојни есенски бои, од цела палета на бои, во есенски можеме да сместиме и пастелните и темните бои, а и по некоја јака портокалова. Бидете креативни ако некоја боја не сте имале храброст да ја носите, сега е времето!
Секој прст своја приказна
Сите дома имаме една фиока или кутија со лакови, одберете ги
оние најесенските и налакирајте го секој нокт различно, сигурно ќе испадне некоја
интересна, спонтана комбинација. Доброто е што не мораме да одбереме боја, можеме да ги нанесеме сите!
Glitter
Иако е есен полека доаѓа и зимата (а најдобар предвесник е тоа што се стемнува во 16:30…). Кога доаѓа зимата на сцена се појавуваат и светките. Врз некој пастелен лак откако добро ќе се исуши, со памукче нанесете светкав лак како ке ви дојде така, сигурно ќе изгледа многу интересно и освежително. Секако од горе поминете ги со безбоен лак за сите да се соединат, не допирајте ништо добри 15 минути и БЛЕСКАЈТЕ.
Погледнете ја галеријата од нашите омилени лакови. А доколку сакате тоа да го направи професионалец, нашиот избор секогаш е Naisha.