Андреа и Дина – музичките имиња за кои допрва ќе слушаме со нови песни

Денеска е ден за нови песни и спотови од младите сили на македонската музичка сцена. Аднреа и Дина, две нови музички имиња објавуваат нови песни токму денеска. Одлучивме да ги слушнеме први и да Ви кажеме што мислиме. Двете пејачки, иако се со целосно различни поп стилови, се музички писмени и носат нов, модерен звук на нашата сцена.

Тие се колешки, од иста година на Факултетот за музичка уметност, и верувајте ни кога велиме дека допрва доаѓаат нивните, многу повеќе од 5, минути слава.

Прва уште вечерва песната ја објави Андреа. Песната се вика „I know“, направена е во студиото на Масевски, на англиски јазик. Навистина звучи светски. Песната е поп, електро-поп или R’n’B стил (не сме доволно писмени да одлучиме, но звучи добро). Во гласот на пејачката која дел од животот го поминала во Харлем, се чувстува моќта и џезот кои вокалите од оваа населба во Њујорк често го носат. На прашањето зошто се одлучи да издава интернационална музика, Андреа одговори, дека доаѓа од мала земја, каде пазарот за ваков тип на поп музика е мал, и се надева дека нејзиниот глас, ќе најде публика како кај нас, така и надвор од Македонија. И ние и посакуваме среќа!

I know – Andrea

Моќниот вокал на Андреа и тоа што песната се издвојува од она што го слушаме постојано, веруваме дека ќе го освојат светот. Ние се изнаигравме на песнава по дома. А се надеваме набргу ќе дојде време кога ќе може да се забавуваме на „I know“ заедно. Ако треба да ја вклопам во некои пејачки имиња тоа би биле: Џеси Џеј, Емели Санде, Адел, или Тамара и Ерзана од кај нас.

Денеска е издаден и третиот спот за песната „Бои“ на пејачката Дина Јашари. Најверојатно сте ја слушнале нејзината песна „Последна минута“, по која ја издаде песната „Зборови“. Дина има навистина пријатен глас, и стилот на музика кој го прави е милина за слушање. Нема ништо нападно, напротив само убава музика и нежен, но и моќен вокал. По малку, поради нежноста, потсетува на Били Ајлиш.

Еве што ни кажа Дина за Бои – „Зборувам за боите на личност што веќе ја нема. Сепак живее преку тоа што го има оставено и пренесено. Има нешто многу убаво во тоа чувствата да ги претвориш во некоја форма на уметност, за мене тоа е ,,Бои“.“ Препорачуваме да ги слушнете и другите песни од пејачката. Нам ни е омилена „Последна минута“.

Им посакуваме среќа на овие талентирани и млади девојки. Се надеваме дека Македонија со нив конечно ќе го добие новиот сјај на музичката поп-сцена кој го заслужува.

 

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!