7 модни комбинации на принцезата Дијана, кои и денес се модерни

Принцезата која им беше(била) омилена на Британците, а и на целиот свет била и модна икона на своето време. Интересно е дека таа била толку совршено облечена што нејзиниот стил можеме и денеска да го носиме. Па така, Дијана носела еднобојни сакоа и панталони, чипкани маички, бициклистички и многу други парчиња облека чија мода се врати (или никогаш не си отиде). Одбравме неколку комбинации за модна инспирација.

Широк џемпер, дива коса и долго здолниште. Уште мартинки и недостигаат за да биде облечена како модна блогерка од 21век.

Тенок блузон, сако, капа, Mom’s фармерки и каубојки. Ако денеска се облечеме вака, повторно ќе бидеме фраерки.

Омилениот новитет за сите спортски девојки. Бициклицтички. Секако со Nike Аir патики, високи бели чорапи, мангупски наочари и долг блузон.

Пастелно сини панталони со бели риги, бела кошула, 2 часовника и една ултра интересна чанта. А да, и овие прекрасни наочари…

Еден од нејзините најлегендарни изгледи. За жал годинава се шетаме најдалеку до кујна, па немаме каде да го облечеме. Инаку изгледа прекрасно во тесен црн фустан, со спуштени рамена. А прекрасниот бисерен ланец е сон на сите девојки. Од елегантни дами, до млади и бесни клинки.

Венче, топ од црна чипка, еднобоен комплет со Oversized сако и широко венче. Copy and paste на сите брендови кои прават облека за деловни жени, секогаш.

И последната прекрасна фотографија од принцезата на скали. Кошула под широк џемпер и карирани панталони – звучи познато? Со стилот некако можеме да се носиме, но ретко кој го има тој прекрасен замислен поглед и храброст да им пркоси на сите. А додека Дијана изгледаше вака, се трудеше да донесе промена во свет кој најмалку сакаше да се менува.

Бонус фотографија: иако не се облекуваме вака за на работа, сепак мора да признаеме дека е апсолутно кул. И еднаш да си купиме ваква шапка, макар и за низ дома…

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Поврзани објави

Поврзани објави

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!