Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Маја готви од А до Ш: Ц како Црнобог – намазот од нане на Маја

Исто како што Црнобог е мистериозно божество за кое многу се претпоставува, но малку се знае со сигурност така и за денешниов мој рецепт малку се знае, не верувам дека се претпоставува.

Во деновиве меѓу рецепти се случија луѓе и настани, разни манџи, копање бавчи, трчање по ветеринари, боцкање антибиотици, гледање со драги луѓе.

Еднаш порано, во 2017 година кога се собираа луѓе по гости и одеа по кафеани, решив да зготвам за повеќе од 5 а помалку од 25 луѓе. Готвев во ресторан Лира во еден Октомври за луѓе знајни и незнајни. Прво посериозно другарување со ресторанска кујна, со големи тепсии, широки рерни и росфрајни маси.

Имаше една убава приказна, еднаш месечно готвеше некој кој не е готвач ама сака да се нафати и да си ја проба силата со ресторанска кујна.

Уживав во целиот дел на подготовки, мислење што да се зготви, како да се спреми, како да се послужи.

Имам креативци по дома, имам креативци меѓу другари, вечерта изгледаше фантастично.

Трема имав како мајка пред визита, ми се лошеше од убаво, а башка и дечко ми требаше да присуствува на настанов (тазе ми беше дечко, ако ми е љубов пола живот).

Татко ми го напиша и го нацрта менито за секој гостин на вечерата, Буце ја дизајнира масата (на г‘з да падниш), Бате ми ја чуваше тремата, Мајка ми навиваше, јас готвев, луѓето јадеа, а Јане фотографираше.

Моето мени се состоеше од супа, манџа и десерт и едно ладно предјадење за да се занимаваат дур стигне супата и лажиците. Ќе ги раскажам сите рецепти некогаш, денес ми дојде да го раскажам предјадењето, некако ме повлече и денов и периодов а и името црнобог и приказните околу истото. Мистиката околу овој бог, нејаснотиите околу потеклото негово, што му била моќта, функцијата и ред други прашања. Слично е со рецептов. Мистиката околку неговото постоење и настанокот се крие во еден висечки елемент од кујната од каде што се истурија кокосови парчиња и ја заокружија приказната.

Математика на предјадење никогаш не ми одела, додуша ни математика генерално не ми оди во животов. Не сакаат ни табланет да играат со мене од што сум дудук математика.

Имав идеа да склопам некој намаз што оди убаво со козјо сирење и потпечено лебче па тргнав од традиционалните опции од пиперки, домати па се префрлив на интернационалните како песто и на крај стигнав до ова моево, Цернобог за двајца и калап сирење.

Инспирацијата некако се заврти накај песто ама пак, многу босилек ми мириса на поп и свртив кривина на другата страна па босилекот го сменив со нане.

Намазот се состои од Нане, лук, лешник, маслиново масло, сол и парчиња тостиран кокос.

Мерките се во прстофати, китки, шаки и глоп глоп (звукот на масло кога се истура од шише):

1 китка, киска, букет Нане

1 главица лук

1 шака лешници

1/2 шака кокос

3-4 прстофати сол

2-3 глопки масло

Во блендер или сецко или во дрвена лучница (кој како сака) ги ставате листовите од нане со лукот, сол и масло и ги вртите дур не се добие убава паста. На пастата додавате кокосот и лешниците па уште малку оставате да се повртат дур не се соединат нештата и додавате уште троа масло за да може да изврти блендерот се што треба и како треба.

Оригиналната замисла ми беше без кокос ама на првото правење, како што отворив висачот, така магично падна отворено пакетче кокос и се истури во смесата. Псуев, врнев. Несмасна една, за ништо не те бива, сега шо прајме? Кокосов со луков каде? Немаше назад. Опциите беа или канта или да продолжам. Пуста љубопитност, па го измешав кокосот внатре. Следеше, моментот на вистина!

Пробав! Лелеееее, убајна. Магичен вкус!

Необичен намаз, со супер освежувачки вкус.

Наздравје да е на сите што ќе им фати ум да го прават. Може да го јадете клот, може со тестенини, може со леб, може со компири, може со соленки, може со еклери ако сте мераклии. Оди со се‘

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!