Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Маја готви од А до Ш: П како Павлова (торта)

Планот за П беше Подварок или Падобранци, ама кога го видов снегов утрово само на Павлова торта ми одеше умов и на прекрасното белило на пуслицата од Павлова.

Дека сме на диета демек и дека ги чекам госпожите другарки да се искачат до село кај мене денес, не ја правам сега, ќе ви ја раскажам Павловата за роденденот од Ангел.

Значи, се работи за џиновска пуслица или целувка која има одозгора крем некаков и најчесто црвено овошје – јагоди, малини…

Вечната борба меѓу Нов Зеланд и Австралија – Паволова! Чиј е рецептот? На едните или на другите.

Рецепт како рецепт, со тек на време еволуира, се менува му се додаваат нови имиња, стари презимиња.

Торти базирани на Пуслица или целувка имало уште пред госпожата Павлова да се роди, ама јас одбивам да бидам дел од Павлова војната 😊

Тортава, како ваква е креирана во чест на познатата балерина Ана Павлова која што била мега ѕвезда во 1920, нешто како Бијонсе денес.

Торатата е инспирирана од нејзината изведба на лебедовото езеро, а големата пуслица го симболизира тулот што го носи и формата на истиот за време на некој од наклоните во изведбата на смртта на лебедот. Еве ви и врска каде што може да ја видите госпожата и да видите од каде инспирација за торатата.

Е сега во тоа време како ги маткале белките до таа цврстина со маталка, алал да им е. Сега е лесно, ги ставаш во миксерот и си бркаат работа.

Тортата е доста едноставна за правење, лесна за склопување и уште полесна за јадење. Не трпи стоење. Од прво до последно парче не треба да поминат повеќе од 24 часа, инаку ќе се стопи.

Нема да имам денес километарски писанија дека сакам да одам да си поиграм надвор со снегот и со орјатите мои омилени.

Значи! Оваа варијација на Павлова е склопена да нема вишоци.

Вака оди општата математиката:

На 1 белка, 50 гр шеќер.  Оптимална доза се 6 белки ама тоа значи дека ќе ти останат 6 жолчки и после со нив треба да правиш нешто. Или Назлифатми или нешто друго.

Не сакам рецепти со вишоци, не ми се економични и ме фаќа нервоза како не мислеле дека треба сé да се искористи.

За да немам 6 жолчки вишок ми текна дека може да направам крем од лимон и да ги спојам. Секако тоа пуслицата е преблага па кога ќе ја пресечиш со лимонот, прекрасен е контрастот.

За мојава Павлова ви треба:

  • 6 Јајаца / Башка Тито Башка Јованка (белки и жолчки поделени) на собна температура
  • Околу 400 грама шеќер
  • 110 грама путер
  • 4-5 лимони (зависи од големината)
  • 1 лажица балсамико оцет
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • Јагоди или што и да имате од овошје
  • Бадеми на ленти
  • Лешници ако се наоѓаат по дома

За Пуслица Целуфка:

6те белки се ставаат во сад и се матат со миксер дури не постигнат мека пена. Потоа на тоа се додава шеќерот 300 грама, дел по дел и се мати се додека не се добие цврста смеса како за пуслици, целуфки правење. На таа структура се додава балсамико и брашното лажица и уште еден/два круга со миксерот за да ги соедини.

На Тава за печење свртена од обратна страна ставете хартија за печење (залепете ја хартијата со дел од смесата да не мрда од тавата) и облежете некако круг во дијаметар од 16 цм во кој што ќе ја нанесете смесата. Ако цртате круг со молив, ставете ја хартијата обратно, да не ви прими павловата графит 😊

Ја истурате смесата во кругот, малку мазните, малку кружите и добивате височка бела планина.

Оди во рерна загреана на 180°Ц. Во моментот кога ја ставате, намалувате температура на 150°Ц и така оставате околу час и 15/20 минути. ( МНОГУ ВАЖНО! НЕ СЕ ОТВОРА ВРАТАТА ОД РЕРНАТА ДА СЕ ЅИРНИ ДО КАЈ Е ТОРТАТА) ќе ви се истуши и после ќе плачите.

Гасете рерна и оставете нека се излади внатре, без отворање.

Додека се печи белката, во сад што може да се стави на пареа се ставаат жолчките, шеќерот и  исцеден сок од лимон од прилика 150мл и рендана кора од 2 лимони ама само жолтото, не да му запните на лимонот со рендето па да фати и од белиот дел од кората па да горчи после.

Се мати со маталка и се става на пареа. Се меша додека не почне да се згуснува и да остава трага на маталката или пробајте ја финтата со лажица – Брцни лажица, извади и помини со прст. Ако се дели кремот како мојсеј што го поделил морето за евреите, таман е кремот да се тргни од бањата.

Во кремот се додава путерот исецкан на коцки и ладничок. Додавате полека полека и мешате доека не се соедини смесата. Покривате со фолија и оставате да се излади.

Пуслицата ќе испука – Тоа не треба да ве загрижува, нормално е.

Извадете ја од тавата, ставете на постоље за сервирање или како ви е мило, и на средина од џиновската пуслица ставајте од кремот од лимон. Тоа се треба да е ноншалантно и несмасно. Без потресување, без премазнување, несмасно се склопува оваа торта.

Одозгора над кремот одат јагодите па пропрскајте со бадемите и лешниците.

После тоа тората е готова и препорачувам јадење одма и јадење со голема лажица, оти е заразно и нема крај.

Наздравје и излезете малку надвор, фрлете се 2-3 пати во снегот, убаво е!

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!