Какви реклами сакаме да гледаме за 8 Март во 2021 година?

Секоја година имаме два вида осмомартовски реклами од компании, оние кои знаат како и оние кои наместо со жените флертуваат со шака мажи. Зошто...

Весели нокти за сончеви денови

Сонцето секогаш не потсетува на парк, кафенце и шарени нокти. Па така одлучивме да ви дадеме неколку идеи за светли нокти што ќе изнудат...

Маја готви од А до Ш. На буквата С е сарма (нормално)

По разни страни и википедии што сами сме си ги уредувале стои дека сарма е традиционално македонско јадење, но ако прошетате малку по интернет...

Нашите омилени викенд ритуали за убавина и уживање

Грижата за себе е многу повеќе од тоа да изгледаме убаво. Најважниот дел од неа е да си посветиме време на себе, да си...

Инспирирани од Пансионот: Отворениот брак на Ула и Коста

Некое време откако заврши и последната сезона на Преспав одлучивме да пишуваме за темите кои серијата храбро ги обработува. Една од нив е отворениот...

Fussflow: Нова диско музика за мрдање раменца

Fussflow: Нова диско (NuDisco) музика за мрдање раменца

Ние во nea.mk постојано си бараме нова музика за мрдање раменца. Така стигнавме до македонско-германскиот продуцент, Fussflow. Иако тој првично не „искара“ за користење на терминот диско музика (како термин кој ја опишува неговата музика), сепак ова е музика која и тоа како би ја слушале во диско. Кога за тоа ќе се создадат услови… А тогаш, веројатно сите имаме подготвено удобни чевли за да се изнаиграме. Повод за да направиме краток муабет со него беше објавата на новата преработка на легендарната „Признавам од Маријана и Росана“

Зад името Fussflow се крие Огнен Митев – програмер, татко на три деца и вечно заљубен во Ека (како што тој се опиша). Инаку од она што ни го раскажа тој се занимава со музика речиси целиот свој живот. Свири тапани (бубњеви), гитара, бас и клавијатури. Па така прави одличен спој на музиката и инструментите со електронското во себе. Продуцентот живее и работи во Минхен, Германија, но со љубов кон македонската музика и сцена. 

„До сега имам објавено повеќе ремикси од странски поп песни, од македонски стари поп песни и неколку авторски траки. Prince – I would die for you, го скрши мразот, или беше ice breaker и со него започна се. Потоа решив да изработам и неколку ремикси од македонски поп хитови испеани во времето кога јас не сум бил роден или кога сум бил мал. Тие песни ги имам слушано на радио и будат некои стари спомени во мене. Спомени од детството и моменти со баба и дедо, песни како дел од програмата после Хихирику во недела.“ – вели Митев.

Fussflow, може да го најдете на сите Streaming платформи. Од SoundCloud до Spotify. Секако и на социјалните мрежи Facebook, Instagram и YouTube. Покрај одличните ремикси, слушнете ја и авторската музика од продуцентот. „Wait for me now е во соработка со едно од попознатите имиња во NuDisco продукцијата, французинот Stephane Deschezeaux, односно тој изработи ремикс од мојата оригинална песна. Имам еден мини албум насловен From Vikka кој е Deep House. Оваа песна е во 4 верзии, каде што две работев јас, а другите две ги сработи Mr. Turner, познат DJ во DACH (Германија, Австрија, Швајцарија) регионот и уште една соработка со истиот за песната Hybrid Keys. Последниот сингл за 2020 е Ma Wei кој што е еден Dance Chill.“ – раскажува продуцентот додека ние ги пребаруваме горенаведените имиња едно по едно. Патем ни се допаѓа тоа што има повеќе верзии и стилови. Па така, секој може да си најде нешто во кое ужива. 

Што е следно? 

Набргу очекуваме и соработка со македонски артист. Митев ни откри само дека е позната женска артистка, а за повеќе детали ќе мора да почекаме. „Па, не би кажал во моментов, затоа што се договоривме да биде тајна уште кратко. Ќе кажам само дека станува збор за една македонска женска артистка, позната на Македонија, а и светот. Спремаме еден soul, disco/dance сингл во кој што таа го напиша текстот, а музиката е комплетно моја. “-скромно ни објасни Огнен. Тој се пријавил со своја предлог песна и за натпреварот за Евросонг, но вели дека не му е најважен исходот. 

 И дали има Македонија публика за модерна диско музика?

Огнен објаснува дека музика за сечиј вкус и за секого не може да правите, и не треба да правите. Убавата уметност е секогаш би поларна. Доколку секој џуска на музиката и вика да ова е кул, тогаш нешто не е како што треба. Талент, работа, вежба, илјадници посветени часови, не е и толку важно. Ова не е Олимпијада па да се натпреваруваме. Некои луѓе прават песна од прва, некои од 150 пати. Не е важно.

„Луѓето сакаат jams (не знам како е на македонски). Da шизат, да џускаат. Тоа е се што се брои: парчиња музика што се паметат и тоа нема никаква врска со жанрот. Мислете го тоа како од Aphex Twin до Dolly Parton, од Vangelis до Верица Ристевска, од Black Sabbath до Nelly, до Нина Спирова. They all got jams!Се обложувам дека има некој бенд во Прибилци (Битолско) кој што го го има тој jam.“ вели Митев.

Македонија има огромна публика за модерна музика, односно не само публика, туку има и многу креатори и интерпретатори на модерна музика. 

Дополнително го прашавме и што мисли за она што моментално се „врти на радио“. „Многу ми е драго кога гледам какви песни се споделуваат по радијата, топлистите што се присутни на македонските радија, а исто така и песните што се споделуваат на социјалните мрежи помеѓу моите пријатели. Постојат кафулиња и места и DJи во Македонија кои што си ја почитуваат оваа музика и кога настапуваат пуштаат вакви модерни песни и изведби. Пред скоро време добив линк од еден македонски DJ којшто пушта диско музика и една од моите песни беше таму.“ -ни одговори продуцентот.

Тој вели дека музиката е како храна. Некогаш ви се јаде бургер, некогаш сладолед. Исто и со музиката, некогаш ќе сакате да чуете диско, некогаш и некој фолк и тоа е се субјективно, каде што вкус е во прашање. „Публика има секако, ама треба да се најде начин да им се сервира и да се дистрибуира оваа музика што повеќе за тие тоа да ја чујат!“ – додава Огнен за публиката до која се надева дека ќе стигне и неговата музика.

А ние му благодариме на разговорот и се надеваме на уште многу нова музика од него. Секако му посакуваме и развој во нови музички правци кои ќе служат како совршена душевна „храна“ за дискаџиите.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Какви реклами сакаме да гледаме за 8 Март во 2021 година?

Секоја година имаме два вида осмомартовски реклами од компании, оние кои знаат како и оние кои наместо со жените флертуваат со шака мажи. Зошто...

Весели нокти за сончеви денови

Сонцето секогаш не потсетува на парк, кафенце и шарени нокти. Па така одлучивме да ви дадеме неколку идеи за светли нокти што ќе изнудат...

Маја готви од А до Ш. На буквата С е сарма (нормално)

По разни страни и википедии што сами сме си ги уредувале стои дека сарма е традиционално македонско јадење, но ако прошетате малку по интернет...

Поврзани објави

Какви реклами сакаме да гледаме за 8 Март во 2021 година?

Секоја година имаме два вида осмомартовски реклами од компании, оние кои знаат како и оние кои наместо со жените флертуваат со шака мажи. Зошто...

Весели нокти за сончеви денови

Сонцето секогаш не потсетува на парк, кафенце и шарени нокти. Па така одлучивме да ви дадеме неколку идеи за светли нокти што ќе изнудат...

Маја готви од А до Ш. На буквата С е сарма (нормално)

По разни страни и википедии што сами сме си ги уредувале стои дека сарма е традиционално македонско јадење, но ако прошетате малку по интернет...

Нашите омилени викенд ритуали за убавина и уживање

Грижата за себе е многу повеќе од тоа да изгледаме убаво. Најважниот дел од неа е да си посветиме време на себе, да си...

Поврзани објави

Какви реклами сакаме да гледаме за 8 Март во 2021 година?

Секоја година имаме два вида осмомартовски реклами од компании, оние кои знаат како и оние кои наместо со жените флертуваат со шака мажи. Зошто...

Весели нокти за сончеви денови

Сонцето секогаш не потсетува на парк, кафенце и шарени нокти. Па така одлучивме да ви дадеме неколку идеи за светли нокти што ќе изнудат...

Маја готви од А до Ш. На буквата С е сарма (нормално)

По разни страни и википедии што сами сме си ги уредувале стои дека сарма е традиционално македонско јадење, но ако прошетате малку по интернет...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!