Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Маја готви од А до Ш: Њ е за ЊуЗелник и историјата на една седмица

На буквата на буквата Њ- Ја поминав половина азбука без некакви особени потешкотии, освен со некои букви! Инатливи и тешки 😊

Од рецептите, сите се успешни и успешно изедени. Тестерот е доста соработлив и уредно дава забелешки и можности за унапрдување, соработката е извноредна. Јади а никако да се здебели! Ама затоа јас, го гледам кај што јади и се дебелеам.

Како ми изгледаше цела недела кога ќе ми текнеше дека на ред е буквата Њ за рецепт!

Значи! Забушавање максимално. Ја избегнував, се праев дека не постои, ја игнорирав, размислував за сите други букви, си праев планови за нови тави, за нови лебови, сé освен Њ!

Ужасна буква за соработка! Има такви луѓе како Њ. Ни се води ни се тера! Нема разбирачка ниту пак конструктивен дијалог. Едноставно, постојат и ако треба да имаш работа сон нив, во најблага смисла на зборот, си нае**л! (Извинете за зборов, ама Њ е тежок карактер)

Значи! Уште кога ги правев назлифатмите ми се плеткаше Њ. Ја мислам цело време во позадина, оти уште таа ми фалеше. Дека не е малце што ги мислам сите по дома, па после и тие што не ми се дома ама ми се како домашни, па така оди процесов до: дали да градиме пушница до фурната или негде настрана? Како да извадам флеки од чаршафот за јадење, шо да и порачам на Ивана да ми прати од Виена, да не заборам да го пресадам фикусот, оти немаме пченкарен сируп во државава, како тоа откако не се фарбам имам првут и уште милјарда работи!

Е сега, на вака претрупана глава со мисли во континуитет уште Њ и фалеше!

Во средата стигнав до компромис, добро! Њ – Њоки ќе бидат! После ми текна дека Њоки не можам да смислам. Ми личат на варени свилени буби и не ги љубам.

Добро, нема да се њоки! Нешто со Њујорк? Жбејглс по њујоршки, зготвив! Друго нешто не знам, башка никогаш не сум била таму за да може да пренесам некаков автентичен рецепт!

Море вртев по сите кувари низ дома! Ги консултирав и Велики Народни Кувар и Модерниот кувар на бугарска кујна и весниците од храна и вино што ги остави претходната газдарица на куќава, од Њ само сретнав МешаЊе, ДробеЊе, ВареЊе, ПечеЊе! Саде глаголски именки.

И во Петокот беше, изгоре лончето, претече млекото работата! Месев леб со маја, правев торта за Маја и Њ леташе околу како мува досадна!

На сред миење тенеџерче од карамел, ми текна! ЊуЗелник е рецептот за Недела на буквата Њ!

Варијациа на темата Зелник, со изменети елементи и состав.

Зелник е вид на пита од сучени кори од брашно и вода, облагородени со маргарин и полнети со! Името кажува сé! Зеље.

Во Прилеп, Зелник е институција а може да биде со фил од: Сирење, Сирење со јајца, изварка, спанаќ, коприви, зеље, праз, кромид, тиква, кисела зелка, рипчиња, со мелено месо, со џигер, со бел џигер и кромид, со ориз и со уште нешто сигурно ама толку ми работеше умов денес.

Значи, се работи за пита со неспектакуларни состојки, кои што во комбинација прават возушести, ровки и лиснати кори полни со фил.

Зелник, според традицијата на племето мое од Прилеп е со 2 кори, Долна и горна со фил на средината. Сите жени во фамилија ми се докторки за зелник! Ама мајка ми ко ќе го направи, плачиш и јадиш. Не дека ми е мајка, имам и сведоци кои не се крвно поврзани со мајка ми што може да ја потврдат магијата на нејзиниот зелник!

Е сега, јас правам ЊуЗелник, тоа е малку поинаков пристап ама генерално доста сличен.

-Ало, Мамо, 900гр брашно требаше за Зелник?

Да, околу 900 и водата обавезно ладна да е! И знајш маме, треба убо да се измеси тестото и да го бапкаш 52 пати од маса.

  • А маргарин колку?
  • 1 маргарин цел маме, ќе си мачкаш на корите и после за одозгора да чуваш а внатре обавезно масленце да пропрскаш.

Добро!

Тргнав јас со мојов ЊуЗелник со следново:

За 1 тава зелник ви е потребно:

900 гр Брашно- бело, просеано

500мл Вода ладна – почнете со толку, па додавајте по потреба

200гр путер

500гр изварка

1 страк праз

3 големи јајца

Сол

Масло за попрскување

Процедура:

Брашното, убаво просеано се соединува со водата и солта и се меси во средно тврдо тесто. Месиш, месиш и после некое време го фрлаш од високо, или го акаш од маса едно 52 пати.

Од удирањето, тестото ќе се претвори во облак од мекост. Оставете го облакот да здивни 30 минути.

Во паузата од 30 минути, може да го спремите филот. Изматете ги трите јајца, додадете ја изврката и ситно исецканиот свеж праз. Варијациите на тема фил се различни. Експериментирајте со што ќе ви текне. Ова е класика фил ама модерен е празот, не е запржен претходно и нема црн бибер.

Убаво е филот да е спремен во овој прв период на пауза за да се засакаат сите состокји во филот и да си се примат едни со други. Единствено, сол не треба да се става. Сол во филот ќе ставите пред да го постелите во креветчето од тесто. Ако ставите сол претходно, ќе го натера празот да пушти вода па таа вода ќе треба да ја спастрите и да и барате чаре.

После првата пауза, тестото се дели на 2 дела, едниот дел да е малку поголем од другиот дел. Поголемиот дел е долната кора.

Двата дела се сучат во тенка кора, и се мачкаат со солидна количина путер кој што цело време стои на собна температура.

Корите така намачкани, се диплат како крпа. Колку повеќе диплења, толку поубаво ќе е тестото.

Јас го диплам на 4 -5 пати и добивам долга дипленица и после тоа, тоа долгото мачкам со путер и го диплам на тесно и добивам едно смешно дебело правоаголниче кое што го виткам во најлон или нешто слично и оди во фрижидер на 30тина минути.

Значи, двете кори се третираат на ист начин.

Загревате рерна на 200°Ц

Долната кора ја сукате прва, во форма на тавата и да биде барем за 5цм поголема од тавата.

Кога ќе ја постелите внатре, да виси од сите страни за да може после да ја прибери и горната кора и да се изведи фамозната витка од зелникот, која што мене многу слабо ми оди и некогаш ми иди да го треснам цело тавче од земја. Мајка ми ја прави соврешената витка. Јас совршени витки за зелник имам на стомаков само 😊

Уредно поставена кората, се полни со фил и рамномерно се распоредува. На неа одозгора се става другата кора која што е исто исукана тенко и убаво и е поголема и подолга од тавата. Се сука, се собира со сукалото и се одсукува врз тавата, полека, полека со тоа што се прават фалти и набори.

Откако ќе се постави и горната кора, се формира витката од долната кора што стрчи од тавчето по принцип свиткај прицни. Ја префрлаш внатре со виткање и притиска со прстот, па после тоа пак и така по цела должина.

Вака, склопениот зелник се кити со парчиња путер и се става во рерна да се печи додека не добие убава румена кора. Околу 40-50 минути. Не знам како ви печи рерната па ќе треба да си го надгледувате.

Убаво е таков туткан, набран и непглан, како алиштата мои. Имам пегла, знам кај е, ама не ја користам.

Мојот ЊуЗелник е одличен со домашно кисело млеко, јогурт, кефир или кока кола! Кој што си милува.

Наздравје!

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!