Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Роденденско интервју со Атиџе Муратова, нашата омилена хероина

Ден пред нејзиниот роденден се сретнавме со Атиџе Муратова. Таа дошла од Бекирлија во Скопје, а денеска оди на Шапка за роденденот. Не пречека со насмевка и среќна што сме тука. За целиот период додека разговаравме приоѓаа луѓе кои сакаа да ја поздрават и да и дадат почит на хероината на „Медена земја“.

Една девојка, ја праша дали ја помни од некое интервју. Друга девојка дојде, и кажа дека морала да се слика со неа, затоа што и таа чувала пчели. Таа беше пресреќна да ги види сите. Беше убаво да се види дека последната одгледувачка на диви пчели, со вредности кои го подучија целиот свет е вистинска ѕвезда. Еве што ни раскажа за животот по Медена Земја и оскарите.

Која е твојата роденденска желба?

Па да пејам и да се дружам, еве вака со пријатели. Утре ќе одиме на Шапка, бевме и претходно таму и сум среќна. Сепак мислам и на брат ми. Тој има проблеми со видот и се надевам дека ќе му поминат. Па би сакала побрзо да сум повторно со него.

Што се промени во твојот живот изминатата година?

Го видов светот шетавме. Запознав многу луѓе. Еве како и Сузе (Сузана Турунџиева). Како и сите што доаѓаат да разговараме, да се сликаме. Сите места кои ги видовме се убави, ама мене најдраго ми е моето место Бекирлија. Се сменија многу нешта, започнувајќи од промоцијата на филмот Медена земја низ многу земји кои имав можност да ги посетам, потоа големиот успех кој го направи Медена земја, ме направи многу среќна и духовно богата. Мислам дека никој не ја претставил Македонија како што успеав јас и тимот кој го работеше документарецот. Стекнав многу пријатели, обожаватели, многу луѓе ме бараат и сакаат да се запознаат со мене, а мене тоа ме исполнува и ме прави среќна.

Што ти се допаѓа тука во Скопје, а што во твоето родно село?

Бекирлија не ја давам за Скопје. Скопје веќе го знам како Бекирлија, често доаѓав тука. Добро е, има многу луѓе, ама јас сакам да живеам дома, кај пчелите и брат ми.

Што се случува со пчеларството? Ќе продолжиш ли да се занимаваш со правењето мед на истиот начин како досега?

Да, да. Сите дознаа за мене поради плелите. Продолжувам, тоа знам да то правам. Годинава немаше многу мед, ама следната ќе има повеќе.

  • Доаѓаат млади да учат од тебе?

Даоаѓаат. И најмалиот брат сега сака да биде пчелар. А доаѓаат да гледаат и други, има и Македонци што сакаат да работат со пчелите. Не треба да се плашат, треба лицето да го покријат. Пчелите најмногу таму напаѓаат. Ама јас сум навикната со пчели и не ми пречи.

Покрај пчеларството што друго те интересира?

Многу сакам да пејам. Веќе снимив една песна, се надевам дека набргу сите ќе ја слушнат. Ќе снимаме и нови песни. Мене пеењето многу ми помага, си пејам и додека работам со пчелите. И додека одам накај нив низ ридовите.

Кое е твоето омилено јадење?

Најомилено јадење во лето ми е летна манџа со пипер и патлиџан, а во зима сакам гравче и ориз. Тоа се јадењата што ги сакам од дете и ги готвам и сега, кога сме сами со брат ми Феим. (ние и подаривме и домашни шарени јувки, па ни кажа дека и нив ќе знае да ги подготви)

Раскажи ни за патувањата и за Америка… 

Во Америка убави беа прекрасните силни светла, парковите, големи гужви по улиците кои никогаш не сум ги видела. Луѓето не пречекаа многу убаво, сите беа насмеани, а и прекрасно облечени. Убаво беше. Од сите земји кои што ги посетивме најмногу ми се допадна Швајцарија. Бевме во 3 градови. Ми се допадна и дека секое село е убаво има патчиња и средено е. Нашите села во Македонија сепак ми се поубави.

Кои други нови пријателства ги создаде во текот на овие години? 

Запознав многу добри луѓе. До пред филмот, мојот живот беше многу тежок и освен мајка ми и брат ми, немав многу други луѓе околу мене. Сега секаде кај што одам ме познаваат, ме гушкаат, еве…(Во моментот дојде пријателка која се поздрави со Атиџе. По неа уште една девојка која и кажа дека се занимава со пчеларство и дека ја обожава). И Сузе, таа е со мене цело време уште откако се запознавме, а тука и Севаљ (другата девојка која беше со нив).

Кога ќе ја слушнеме твојата прва оригинална песна?

Моја прва песна е Чекор по Чекор, таа е снимена во студио во Скопје. Треба брзо да биде пуштена и сите да ја слушнат. Ќе снимиме песни и со Сузе. Кај Роберто во Штип, и со Огнен (Неделковски). Сакам да пејам тоа ме прави среќна.

😍Фала и биди ни секогаш најсреќна и своја Атиџе️😍

За жал Атиџе не е во добра финансиска состојба, а трошоците за живот и се повисоки. Во Скопје, доаѓа кога некој (во случајов Сузана Турунџиева), ќе ја донесе и ќе ја прими во својот дом. Таа не е само хероина на македонскиот документарец изработен од тимот на Тамара, Љубо, Самир и Фејми, таа е богатство за кое треба да се грижиме. Медена земја и приказната за Атиџе неслучајно го остварија успехот кој го имаат. Она што филмот го прикажува треба да го негуваме.

Ние, во тимот на nea.mk веруваме дека мора да има начин да се поддржи пчеларството на Атиџе. Нејзиниот мед да биде заштитен. Начинот на одгледување, кој го практикува само таа, треба да се поддржи. Има начини, овој редок феномен да опстане. Има млади кои сакаат да учат и да ја продолжат нејзината работа.

Сепак, тука мора да се најде трајно решение, кое не е донации од граѓани. Атиџе не смее да живее како социјален случај. Таа е пчеларка. Нејзиниот светоглед и занает го освои цел свет. Време е Македонија да направи нешто, за својата омилена хероина.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!