Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Маја готви од А до Ш. Љ – Љутко! Макалото од лук и ореви на Маја

За време на карантинските денови еден од основните превентивни домашни иљачи за јакнење на имунитет и професионално социјално дистанцирање беше Љутко! Макало од лук со варијации на тема во зависност од денот кога сум го правела.

Лукот е доста потценет и често стигматизиран заради миризбата, демек само на лук мирисаме, друго све е трендафили и лаванди.

Комплексно растение од фамилија лукови. Најблиски роднини му се кромид, праз и власец. Распространет е по светов од А до Ш. Постар е од голем број религиозни симболи и светци. По муабетите што сум ги прочитала, евелоуцијата во хомосапиенс ни ја има потпомогнато лукот, а ние сега вака му враќаме со муабети од типот: смрдиш, леле пак се натупа лук? Како бе може тоа да го јадеш, смрди!

Миризбата на лукот му доаѓа од комбинација на разни состојки што содржат сулфур, а оној фамозен здив на лук што трае и 2 дена после јадење лук се формира од едно соединение кое што се вика Алил Метил Сулфид или C4H8S. Не се разградува во желудник па мора да се префрли во крвоток и да излезе преку кожата. Нема спас и помош против оваа миризба, кој што сака нека рече. Може една ливада магдонос да испасиш или да се напукаш едно буре каранфилче, исто ти се фаќа! Ќе си мирисаш на лук дури не го исфрлиш прописно низ порите од кожата.

Аромата на лук, поготово печен, за мене е фантастична. Во комбинација со многу путер и мајчина душица ми е незаменлив.

Секогаш кога и да начекам лук во фаза на трансформација од млад лук кон стар, оној транзициски дел на возрасен лук ми е омилен. Чешнињата се тазе формирани, свеж е, може да се раздели а и не мора. Во таа фаза го сечам на пола по напоредник и го ставам да се пече во тава со солидно парче путер над него и една китка мајчина душица, по можност свежа. Омилен прилог за месо или за препечено лепче.

Сум приметила дека ако е сварен во манџа помалку мириса при јадење и помалку време се задржува во здив.

Змејски здив од лук е некогаш гадна работа, поготово ако е во градски автобус и лицето што уредно се настегало лук претходниот ден ти дише во врат или негде во коса. Во тие моменти мислам дека може да фатам алопеција на местото кај што ми дишеле 😊 Е, полошо од тоа е кога тој аромат е помешан со расипан заб! Тоа е веќе психоделично искуство.

Последнава година покрај сите карантини, се изнајадовме лук низ дома, во разни форми. Единствено ако доаѓа сестра ми треба да се пази! Алергична е на мирис на лук и може да го намириса на тебе и ако само си поминал покрај тезга со лук на пазар пред 2 дена.

Од лук страна, многу го сакам макалото од лук за чорба. Винска киселина со рендан лук, магдонос и масло! Еликсир за подмладување ми е вкусот. Прописно додаден во прекрасна телешка чорба е еднакво на благ огномет на сетилата и топење. Нешто слично на заљубување.

Разбирам дека не се сите луѓе ентузијасти за јадење лук, на некои им смета, некои имаат проблеми со стомак и варење на храна, некои имаат проблеми со мирисот, некои се едноставно Марта- алергични на самиот збор, да не одиме подалеку.
Но, без разлика на се, еднаш во животот треба да пробаат макало од лук во комбинација со потпечено лебче или со риба.

Омилена комбинација ми е потпечено лебче на скара, одма после месото. Истото тоа, намачкано со макало од лук и така може до бесконечност и назад 2 пати.

Среќа, околу мене имам љубители и поддржувачи на лук во сите форми, особено во форма на макало, па кога го правам го разделувам и раздавам со кејф и среќа дека се шири евангелието по лукот а богами и миризбата 😊

Кај нас е познато тоа охридско макало, што во основа е струшко ама ај да не бидам ситничар да не се расправам.

Тоа е кремаст намаз од лук со сончогледово масло, малку оцет и сол.

За време на туристичка сезона во Радожда, Калишта а богами и Пештани, Трпејца и Охрид и Струга се врши масовен помор на лукот и се претвора во оваа снежно бела паста што се мачка по лебови, риби, зеленчуци. Сум приметила по маси по ресторани! Цела маса е лом, пајнците полни со остатоци од риби, чаши од винце фаќани со мрсни прстиња ама пајнчето кај што било макалото, свети! Да не мораш да го миеш. Го измазниле гостите со лебче, уредно за 5ка.

Јас сум ликот што го нарачува второто и третото пајнче макало! На третата нарачка ми се случило да добијам коментар од келнер: Не е за најадвење ова, јади и од рибата, не претерви!

Правата блиска средба со домашно макало е макалото од Ели, фантастично е! Густо, кремасто,богато, силно и одлично за јадење! Се јадат 4 леба со него, без око да ти трепне.

При една работна акција во канцеларија, остана 40% од месото предвидено за јадење оти сите се навртивме на макалото!

Основа на моето макало е нејзиниот рецепт ама со тек на време, му додавав и одземав компоненти и сега стигнав до ова моево!

Љутко- Макало од лук со ореви!

Може да се прави на два начини! Или да се толчи лукот во лучница со толчник или да се искористат придобивките на модерната технологија и да се користи блендер.

Ако користите толчник и лучница, времетраењето на приготвување е еднакво колку филмот  Avengers – Endgame. Една вечер поштено си зедов толчникот, Ангел го пушти endgame,тој си гледаше филм, јас го толчев лукот и на крај на филмот, макалото беше готово.

А со блендер имате работа околу 25 минути, колку епизода од big bang theory.

Во целиот процес на подготовка на љутко, најмногу време одзема лупењето на лукот и лупењето на оревите.

Опис на намирниците:

ЛУК- мора да е оној со локално потекло, троа поскап што е! Оној кинескион во пластични проѕирни мрежички спакуван не го бива! Не е добро ништо со него! Поќе можи да ти се најди мрежичката отколку лукот.

Ореви- Тазе искршени од лушпа се најдобри, ама и само јатки не се лоши.

Сол- крупна или морска

Киселна – по избор – јас користам домашна јаболкова (сама ја правев)

Млеко од крава – тетрапак или тазе од комшии (ако живееш на село како мене)

Масло- сончогледово

Апарати за домаќинство – сецко и блендер.

Од количини, макалото се прави одокативно во зависност од тоа колку време сакате да бидете „оштетни“ по дома 😊

5-6 главици лук се идеална количина

На секоја главица лук како мерка одат 2 ореви

Масло околу 200-300 мл

2 лажички оцет

2-3 лажички млеко

Генерално, на 300 гр лук треба да оди 800мл масло ама мене тоа ми е многу некако па мерките си ги одредувам сама.

Процесот почнува со ситно мелење на оревите во сецкото(food processor, она големото со нож што ротира на средина на садот) се додава лукот и се додава млекото.

Потоа, на смеата се додава по малку од маслото а сецкото си брка работа, ситно точно и прецизно.

Најчесто, откако ќе ја соединам убаво смесата и се е фино сомлено и сум додала ¼ од маслото, смесата ја префрлам во чаша блендер или соковник – не знам инструментиве кое како се вика. Ова е онаа висока чаша со капак за правење овошни кашести сокчиња (ако не го затвориш капакот може да ја видиш содржината од чашата на места низ кујна што не си бил свесен дека се содршината на чашата ќе стигне до места што не сум сметала дека се воопшто достижни. Ова е од искуство при мелење на ананас и јогурт! Го утнав капакот, не можам да опишам до кај беше стигнат тој пусти ананас. Ти се плукнам и во центрифугална и во центрпетална сила, лом ми ја сторија кујната)

Значи, смесата префрлена во високиот сад, да го крстиме блендер! Се меша и полека, полека се додава маслото додека не ја додадете целата содржина. На моменти, смесата нема да мрда внатре, дека се зголемува густината, па додавате масло, па малку го вртите блендерот лево-десно. Љутко, макалото е готово кога ќе го грабниш блендерот да го давиш со две раце, а смесата внатре не мрда. Тогаш, блендерот се исклучува од струја, се отвора чашата и кујната се исполнува со мирис на лукче… убајна

Овај пат, освен масло од сончоглед, додадов и малку маслиново и малку масло од тиква. Убаво е макалото, само што малку ја смени бојата на потемно од маслото од тиква.

На вкус е оштро, сериозно ароматно и тешко. Ако не ви оди да го јадете така, може да го разблажите со кисела павлака и така да го јадете. Може да го користите како концентрат и да го разредувате.

Се складира во тегла во фрижидер. Може да стои подолго време во фрижидер, ако има среќа 😊

Наздравје!

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
Маја
Маја
Маја готви се од А до Ш. Маја одлучи да избега од градската џунгла и да се пресели во село. Таму има доволно простор и инспирација за готвење на највкусните јадења. За nea.mk Маја ќе подготвува „азбука на готвењето од А до Ш“, со предлози за домашни јадења.
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!