Кажете ги „работите за кои не зборувате“ и станете дел од претставата на Wonderland Theatre

Најновата претстава на театарот Wonderland Theatre на режисерката Нела Витошевиќ е насловена "Работи за кои не зборуваме". Таа ќе биде заснована на лични приказни...

Маја готви од А до Ш: Ф – фантастична пица или Фица

Стигнав до Ф! Филџан, Фудбал, Фабрика, Филадендрон и Фикус. Јадење на Ф – Фалафел, ама јас не сакам да морам да го правам нештото само...

А1 Македонија ја одржа третата годишна конференција “Women in Digital 2021”

Скопје, 9 април 2021г. – Третата годишна конференција “Women in Digital 2021“ во организација на А1 Македонија која се одржа вчера во целосно онлајн...

Маја готви од А до Ш: Х како (не)Хумус манџичката на Маја

Како ми се наредија букви незгодни, да ти се плачи! Малку беше У, па после дојде Ф па Х, следна е Ц и до...

Три пати „ура“ за инстаграм инфлуенсерките кои ја покажуваат реалната слика

По трендот на прекумерно филтрирање, позирање и менување на изгледот, дојде нов многу поздрав тренд. Имено неколку девојки на Инстаграм меѓу кои предводи Данае ...

Со актерката Наташа Петровиќ за Натали – новата „стилистка“ во пансионот Преспав

Пред да почнеме, ние имаме традиција да направиме кратко загревање со брзи или/или прашања:

Преспа или Охрид?

Струга.

Театар или Филм?

Театар И Филм.

Комедија или Трилер?

Драма.

Јелена Јованова или Тања Кочовска?

Двете.

Миле 1 или Миле 2?

Миле 3.

ЛајфКоуч или ФитнесКоуч?

ФитнесКоуч.

Кафе или Чај?

Кафе.

Здраво Наташа. Ќе почнам со Натали. Па, која е Натали, новиот лик во кој ќе те гледаме?

Натали е храбра млада девојка која е тргната во мисија на остварување на своите соништа на професионално ниво. Знае што сака и како сака тоа да го постигне, спремна е да се соочи со предизвиците што и стојат на патот. Упорна е, итра и снаодлива, но исто така и верува дека во секој човек има добрина и дека со мал стимул таа може да излезе на виделина. Нејзината фолк филозофија допира до секој клиент на салонот.

Интересна е динамиката меѓу Натали и нејзината братучедка Јелена од Драчево, а богами и со другите ликови. Како е да се глуми лик, кој сите по малку ќе ги нервира?

Секогаш е забавно да се биде ликот што сите по малку ги нервира особено ако ликот го знае тоа и ужива во предноста што ја има. Морам да признаам дека беше многу возбудливо и стресно целото ова искуство, особено  ако се земе предвид фактот дека прв пат сум дел од веќе успешна серија која четири години е актуелна на малите екрани, утврден концепт и прекрасна актерска екипа за која морам да кажам дека е фасцинантна нивната уиграност и перфектно функционира. Неизмерно сум благодарна што ме прифатија веднаш како дел од тимот ми беа од голема помош и поддршка за време на целото снимање.

Од каде ја црпеше инспирацијата за ликот? Дали имаш некој омилен лајфкоуч, кај нас или во светот?

Немам омилен лајфкоуч за жал или за среќа, за ваков лик инспирација црпев од повеќе места, од луѓето кои веќе ги познавам, од инфлуерсери од социјални мрежи, фолк пејачи… Некако пробав да напаравам една комбинација од повеќе инспирации и се надевам сите заедно функционираат како Натали.

Покрај желбата да биде лајфкоуч, Натали работи и како козметичар. Дали и ти, приватно често посетуваш козметичар и кои се твојте ритуали за нега на кожата?

За жал годинава не би можела да се пофалам со редовна посета на козметички салони, но се трудам да посветам што е можно повеќе време на себе во домашни услови. Мој дневно- вечерен ритуал е  редовно и темелно чистење на лицето,благ пилинг, редовно нанесување на витамин ц серум и хидратантна крема и што е најбитно добар и квалитетен сон.

Секој лик (во Преспав) има некоја своја мисија и нешто кое има за цел да и го пренесе на публиката. Според тебе, што ќе научиме од Натали?

Од Натали ќе научиме дека доколку се ослободиме од напнатоста и стресот можеме да бидеме подобри и кон себе и кон луѓето околу нас. Ќе научиме дека никој не може се сам и дека со мала помош можеме повеќе да оствариме. Натали како еден стилист на човечката душа не’ учи дека убавината доаѓа од внатре, не само од третманите што ги добиваме, и дека душата е таа што треба да се негува не само телото.

Ликот на Натали, е лик кој не „пати“ од желба да се омажи. Нешто кое во нашето општество се гледа како чудно, неприфатливо. Дали мислиш дека ваквите ликови ќе им помогнат на оние девојки кои се чувствуваат слично, да го надминат притисокот на општеството?

Живееме во 21век и мислам дека општествено наметнатите норми не би требало повеќе да се пречка за тоа како некој би требало да си го живее животот. Секогаш треба да тргаме од себе и да се запрашаме дали сме среќни таму каде што сме и што е тоа што ни недостасува или сакаме да го направиме/постигнеме во животот. Секогаш треба себе си да се ставаме на прво место бидејќи имаме еден живот и треба да го живееме онака како што самите ние сакаме, а не како ни наметнува општеството. Така да глава горе, никому ништо не му должите ниту пак треба да исполнувате туѓи визии за тоа како треба да живеете или да се развивате. Ние сме тие кои одлучуваат за себе а не општеството. Само храбро!

Покрај Преспав актуелна си и со други проекти, што е ново, и што е следно за тебе?

Се надевам нареднава година ќе биде поплодна и повозбудливо од претходнава на професионален план. Не би сакала да зборувам пред време за следни проекти но искрено се надевам дека набргу ќе имаме прилика да си позборуваме и на таа тема.

Секако и ние се надеваме на тоа! Да не имаш ти нешто да не прашаш?

Јас верувам дека годините што поминале ги памтиме по доброто што оставило трага во нашиот живот, па еве дали би можеле да наброите три добри работи од оваа година што ве направиле подобри луѓе?

Па, хмм…1. nea.mk дефинитивно ни отвори цел свет, исполнет со фасцинантни приказни, во оваа нефасцинантна година. 2. Пријателите и блиските кои останаа тука (иако не секогаш физички тука) за нас. 3. Потребата да бидеме заедно, иако произлезе од не толку добрата задолжителна физичка дистанца. (овие три се одбрани со интерна анкета во неа.мк тимот)

Ти благодариме и едвај чекаме да ги видиме сите твои нови проекти, и секако да бидеме „истренирани“ за живтот од лајфкоуч Натали.

Генијалните фотографии се направени од Марио Андоновски 📸👇

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Кажете ги „работите за кои не зборувате“ и станете дел од претставата на Wonderland Theatre

Најновата претстава на театарот Wonderland Theatre на режисерката Нела Витошевиќ е насловена "Работи за кои не зборуваме". Таа ќе биде заснована на лични приказни...

Маја готви од А до Ш: Ф – фантастична пица или Фица

Стигнав до Ф! Филџан, Фудбал, Фабрика, Филадендрон и Фикус. Јадење на Ф – Фалафел, ама јас не сакам да морам да го правам нештото само...

А1 Македонија ја одржа третата годишна конференција “Women in Digital 2021”

Скопје, 9 април 2021г. – Третата годишна конференција “Women in Digital 2021“ во организација на А1 Македонија која се одржа вчера во целосно онлајн...

Поврзани објави

Кажете ги „работите за кои не зборувате“ и станете дел од претставата на Wonderland Theatre

Најновата претстава на театарот Wonderland Theatre на режисерката Нела Витошевиќ е насловена "Работи за кои не зборуваме". Таа ќе биде заснована на лични приказни...

Маја готви од А до Ш: Ф – фантастична пица или Фица

Стигнав до Ф! Филџан, Фудбал, Фабрика, Филадендрон и Фикус. Јадење на Ф – Фалафел, ама јас не сакам да морам да го правам нештото само...

А1 Македонија ја одржа третата годишна конференција “Women in Digital 2021”

Скопје, 9 април 2021г. – Третата годишна конференција “Women in Digital 2021“ во организација на А1 Македонија која се одржа вчера во целосно онлајн...

Маја готви од А до Ш: Х како (не)Хумус манџичката на Маја

Како ми се наредија букви незгодни, да ти се плачи! Малку беше У, па после дојде Ф па Х, следна е Ц и до...

Поврзани објави

Кажете ги „работите за кои не зборувате“ и станете дел од претставата на Wonderland Theatre

Најновата претстава на театарот Wonderland Theatre на режисерката Нела Витошевиќ е насловена "Работи за кои не зборуваме". Таа ќе биде заснована на лични приказни...

Маја готви од А до Ш: Ф – фантастична пица или Фица

Стигнав до Ф! Филџан, Фудбал, Фабрика, Филадендрон и Фикус. Јадење на Ф – Фалафел, ама јас не сакам да морам да го правам нештото само...

А1 Македонија ја одржа третата годишна конференција “Women in Digital 2021”

Скопје, 9 април 2021г. – Третата годишна конференција “Women in Digital 2021“ во организација на А1 Македонија која се одржа вчера во целосно онлајн...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!