Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Муабет со инста-блогерката @majestic.at: За говор на омраза само Block, Delete, Ignore

Искрен муабет за Инстаграм како медиум, говорот на омраза, и борбата за создавање позитивна слика за себе и своето тело направивме со Александра Трпеска или @majestic.at. Таа со години го гради своето Инстаграм присуство и конечно и се исплати.

Интересно е дека живееме во ера, кога моделите кои ги промовираат брендовите, не се избираат во некој центар во Милано, туку тие се девојки како нас и ги следи и поддржува нивната, многубројна публика. 

Здраво Александра! Ти си една од првите инстаграм блогерки, уште кога многу луѓе велеа дека тоа воопшто не може да биде професија. Што би им рекла сега?
I MADE IT! 😀 Дефинитивно, колку и да звучи клише, на сите би им посакала да го работат тоа што го сакаат и да веруваат во тоа. Никоја работа не е лесна, па ниту оваа, и успехот и резултатите не доаѓаат преку ноќ. Секоја работа бара голема посветеност и истрајност. Едно знам – мене оваа професија ме направи подобар човек!

Покрај прекрасните фотографии, се трудиш да пренесеш и позитивни пораки, како сакање на себеси и своето тело. Како почна со овие комуникациски „мисии“?
Искрено, не се сеќавам точно кога, но дефинитивно долго време помина. Знам дека сето ова што го правам е спонтано и транспарентно уште одамна, и знам зошто го правам. Јас сум човек кој го нервира неправдина, нееднаквост – и тоа е нешто што секогаш ме води низ годините – како мотив, како поттик да бидам поотворена, поискрена, емпатична. Верувам дека многу луѓе се сочувствуаат со мене и со работите кои отворено ги зборувам, и доколку на еден човек му направам да се почувствува поубаво во своја кожа – мене тоа ми е сосема доволно! На инстаграм, кога зборувам за тие работи, се чувстувам како да зборувам со најдобар другар/ка, и го кажувам она што и на нему/нејзе би и го дала како совет!

Која е твојата, прва, најстара фотографија?
Хммм, ова е тешко, но еве ќе ви ја покажам првата фотографија која
официјално го обележува мојот почеток во блогерството.

Колку се разликува таа, од најдобрата (според тебе) фотографија која си ја објавила до сега?
Не се чувствувам дека имам некоја што би ја издвоила како најдобра фотографија. Сите фотографии се олицетворение на моментот како сум се чувствувала. Омилени би рекла дека ми се сите оние кои обележуваа спонтан, среќен момент… како оваа!

Ги прашавме другите, па еве и тебе. Кој те слика?
Дечко ми, најчесто… или некој другар/другарка, кој е во моментот со мене. Ако треба да издвојам фотограф, во последно време најмногу фоткам со Лазар Зафировски. Исто така, многу ми се допаѓаат сите слики што ги имаме направено со Џо и Петар.

Која е опасноста од говорот на омраза на социјалните медиуми?
Опасноста е дека може да срушиш нечија самодоверба, да предизвикаш депресија, анксиозност итн. Кратко кажано, да направиш некому да се чувствува лошо. Ако тоа ти е мисијата – тогаш дефинитино, за мене, си лош човек! Ве молам не го правете тоа свесно или несвесно.

Колку си ти како инфлуенсерка, подложна на најразлични некултурни коментари и како се соочуваш со истите?
Порано бев повеќе изложена, или барем повеќе ги забележував/ повеќе ме повредуваа. Сега имам ефикасни методи кои ми помагаат да се справам со тоа. Block и deletе или ignore – препорачувам!

Како знаеш кога една фотографија е „онаа вистинската“?
Позата, ликот и амбиентот кои ја опишуваат фотографијата треба да бидат во
склоп со мојата моментална емоционална состојба.

Имаш ли омилени пози, кои ти се секогаш проверена опција?
Искрено, не. Сите фотки се спонтани, како што кажав – многу влијание има мојот моментален ментален склоп.

Што би им кажала на девојките кои можеби се премногу срамежливи, а сакаат да
објавуваат фотографии од себе, она што го прават, можеби од некое свое хоби?
Не се плаши да се изразиш себе си – на било кој начин!

Дали имаш редовна фрекфенција на објавување на фотографии (дневно, месечно…),
или тоа зависи од она колку си задоволна со фотографијата?
Немам точно одреден момент кога треба да постирам, но гледам да бидам
конзистентна во тоа што го правам. Не бркам никаков алгоритам, и гледам да
не форсирам со премногу објави.

Имаше ли трема, пред телефонот кога прв пат почна да снимаш видеа?
Кога снимам сама немам трема. Си правам концепт во глава или на лист, го
пуштам телефонот да снима и тоа е тоа. Но, кога треба да снимам во
просторија со други луѓе се појавува малце трема, морам да признаам. Исто
така, искуството си го праи своето.

 

 

Кои се твоите следни планови? Можеби своја линија на производи, или нешто слично?
Моментално имам план, но… ќе остане тајна.

Со нетрпение очекуваме да видиме што е тој план. А до тогаш среќно во се што правиш!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!