Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Маја готви од А до Ш! Ѕ – Ѕвездено небо тарт

Буквата Ѕ исто како и Ж не дава многу опции за манџи и колачи.

Постои едно интересно јадење на Ѕ во Пехчево, се вика ЅВРКЛЕ, што е исто со БУЛАМАЧ во Берово, ама за истото немам овци праменки по дворов да соберам млеко да може да го направам. Ќе си одите таму и ќе си пробате, фантастично јадење кое што не е ни павлака, ни кајмак, ни кисело млеко, туку нешто помеѓу.

Околу Ѕ има и една алжирска блага делиција се вика Ѕириат ама за истото ми фали вода од цвет од портокал.

Како што тргнав да размислувам што би правела само ѕвезди ми се вртеа во глава. Колачи ѕвезди можев да направам, таман  за нова година ама се решив за поинаков рецепт, комбинација на состојки од разни страни и стигнав до ѕвезденото небо – оригинал моја измислица.

Во последно време обожавам спојки слатко-солено.

Инспирација ми беше и ѕвезденото небо врз Побожје во кое блееме често и сочувствуваме со луѓето што живеат по градови со многу светлина и загаден воздух, па не можат да го видат.

 

Овој колач е во облик на тарт. Тарт е француски термин кој што означува непокриена пита ( без горниот дел). Сличен наслов е Киш, тоа е непокриена солена пита. Најпознат тарт е Тарт Тартан од сестрите Тартан, тоа може да си истражите да видите што е. Од инцидент во кујна до светски познат колач.

Значи, мојава гола пита, како гола Маја си бара време да се подготви. Има период на чекање од 12 часа ако ја подготвувате по мое. Ако ја подготвувате по ваше, не мора да чекате долго.

За тесто се потребни:

250гр Путер-на собна температура

250гр Шеќер

500гр Брашно

2 Јајца-на собна температура

За фил се потребни:

500мл слатка павлака

100гр темно чоколадо, во случајов кај мене е со 80% какао

100гр шеќер (ако имате чоколадо со помалку од 70% какао, намалете го шеќерот. Благо ќе е за ослепување)

40гр какао

25гр нишесте (скроб)

30мл млеко

1 лажица сол (јаглена црна сол или морска крупна)

½ лажица чили (ако сакате)

½ лажица ванила екстракт или ½ пакетче ванилин шеќер

2 лажици еспресо кафе или 1 лажица инстант кафе

2 лажици маслиново масло

Кора од ½  рендан лимон или портокал

Прстофат кардамом

Прстофат морско оревче

Зачините се по желба, како ви фаќа око. Може и цимет и каранфилче, ѓумбир.

За „ѕвездите“ – 20гр млечно чоколадо од портокал. Може и со бело чоколадо, да му додадете боја за храна или клот бело.

Подготовка:

Во миксер, го ставате путерот да се соедини со шеќерот и да се измати во убава паста, а потоа го додавате брашното. Ќе добиете мали симпатични трошки од брашно, путер, шеќер и ги додавате јајцата-едно по едно.

Смесата е средно жалосна, нема да е нешто многу симпатична ама вие ќе си ја сакате и од садот за матење ќе ја префрлите на работна површина и со многу љубов ќе ја обликувате во прекрасно тесто, ќе ја спакувате во фолија и ќе ја оставите да се одмори во фрижидер 12 часа. За тоа време ќе си дојдат на себе јајцата и путерот после претрпениот страв од миксерот.

Ако не ви се чека 12 часа, може да направите тесто од мелени бисквити со путер, без печење или може да си сомелете кутија ореос или ноблице и ќе си добиете тесто.

После рехабилитацијата на тестото од 12 часа, го вадите на собна температура да се опушти за да може да соработувате и да нема кавги и фрустрации. Не знам за вас ама јас разговарам со намирниците додека готвам и се разбираме понекогаш. Не е проблем додека јас им зборувам. Проблем ќе е ако ми вратат муабет.

Додека тестото се опушта, на шпорет ставате тенџерче што собира 600 мл течност и остава простор за мешање.

Во тенџерето се ставаат слатката павлака, чоколадо, шеќер, масло, сите зачини и кафето и се загрева на средно ниска температура додека не се вжешти, не би требало да проврие. Промешајте да се соединат состојките.

Додека комплетот се топли, во прикладен сад растворете го нишестето со млекото.

Тргнете го тенџерето од шпорет, додадете го раствореното нишесте, убаво соединете ја и обединете ја смесата и вратете ја на шпорет. На тивка температура мешајте со соодветна маталка или лажица ама не превртувајте ја многу смесата да не се наполни со воздух. Мешате 10тина минути или додека кремот се згусне доволно за да може да стои на задната страна на лажица а кога ќе пројдете со прст смесата да се дели како Мојсеј што го поделил морето за да поминат Евреите.

Оставете ја да одмори смесата, земете сукало и обратете се на тестото.

Формирајте тенка кора од 1.5 cm и истата пренесете ја во кружен плех за пита со цик-цак рабови, претходно намачкан со путер. Смесата е доволна за 28цм дијаметар тава.

Има финта да не се лепи тестото за тавата после печење. Го премачкувате со путер и го ставате во фрижидер 10 мин. Ништо нема да се залепи.

Во тавата, тестото убаво се обликува и распоредува по сите рабови. Ако имате вишок тесто пресечете го со нож, ставете го во фолија и во замрзнувач. Ако кората се скине за време на сместувањето во тавата слободно искористете од вишок тестото за санација на штети, повреди и пукнатини. И тоа не е крај. Избоцкајте го тестото на дното со виљушка да може убаво да се испече.

За вакво тавче зборувам

За да не се прават воздушни балони за време на печење, ставете хартија за печење врз тестото и одозгора посипете со ориз или грав или леќа да му тежат на тестото и да нема избор освен да стои мирно во тавата.

Се пече во загреана рерна на 180°Ц 20 минути. Извадете ја хартијата за печење сосе мешунки и вратете да се допече тестото до златно-румена боја.

Извадете од рерна и оставете да се лади. Додека се пече тестото, филот ќе го процедите низ цедилка, соберете го во мерица или друг сад со рачка и устинка за полесно турање и ставете го во фрижидер 30 минути.

Чекајте да се извади тестото па сипете го филот врз тестото и наполнете убаво.

За ѕвездите! Стопете го чоколадото и со помош на готварски шприц или хартија за сечење во форма на конус или ќулавка или тутурка наполнета со чоколадото направете точки на колачот. Точка по точка е најинтересно. Јас се заиграв и за малку место на ѕвездено небо ќе личеше на овчи сипаници.

Точките разлејте ги со чепкалка за заби (некористена) или стапче за ражнич со повлекување на линии од центарот на топчето кон надвор. Ѕвездите нека ви се со колку што си сакате краци.

Вака дотеран, го ставате колачот во фрижидер на неколку часа.

После тоа сечете триаголници, ги декорирате со шлаг пена или сладолед или не декорирате воопшто и јадете.

да ја повториме оваа фотографија…

Наздравје!  Споделете топлина и насмевки периодов! Ретки се и неопходни.

Видете што ви е вишок дома и споделете со некој што има мањак. И, како што е редот да ве потсетам дека за повеќе рецепти, може да ме следите на @mjama23 на инстаграм.

 

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!