Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Ивана Балабанова: Пандемијата не научи повеќе да ги цениме своите, домашни артисти

Здраво Ивана!

Класика или модерен танц?

Модерен танц.

Студио или сцена?

Сцена.

Напревар или музички спот?

Ни едното, ни другото.

Кафенце или чај?

Чај.

Скопје или Њујорк?

Скопје е мој град.

Настап во група или соло?

Во група.

Елена Ристевска или Туна?

Со двете сум работела, и двете ми се многу драги.

The Weekend или Drake?

Ни едниот, ни другиот.

Фала што ни го разигра студиото, тоа беше многу потребно во овие времиња.

Како и студиото, така ги разигравте и социјалните медиуми. Постојано споделувате видеа од танчерите на Битрикс, за што станува збор?

Со Битрикс постојано се трудиме да бидеме активни на социјалните медиуми и да ја споделуваме нашата креатива и активност со светот. Во едни вакви времиња кои сите не затекнаа неподготвени, една од главните лекции која ја извлековме и уште еднаш се потврди е тоа колку е значајно да се цени своето. Така, поаѓајќи од нашиот прекрасен тим кој ги вклучува повозрасниот инструкторски тим и гардата од млади нови креативци, периодов објавуваме видеа од нивни креации кои ги сработеа во изминативе неколку месеци.

Фото: Марио Андоновски

Часовите по танц, како и се друго се спроведуваат со стори мерки. Како изгледа еден час во танчерско студио во време на Корона?

Во Битрикс работиме според претходно утврдени протоколи за работа, почитувајќи ги сите мерки и со соодветна заштита што засега функционира беспрекорно. Сепак, секој еден кој се бави со танц ќе се сложи дека ова се навистина тешки времиња за танчерите. Танцот бара допир, контакт, можност за разговор преку игра на телата на повеќе луѓе. Без тоа е ладно и празно. Нашиот прекрасен тим и сите членови даваат се’ од себе и успеваат и вака да ја пренесат среќата, љубовта и позитивната енергија во просторот, но, ни недостасува топлината. Се бориме и ќе го издржиме овој период, но, сите се надеваме на што поскора завршница.

Што правите периодов, кога сте целосно ограничени со настапи?

На нашиот тим никогаш не му недостасува креатива, напротив ја имаме одвишок. Така креацијата и работата на разни проекти не застанува. Моментално е во тек четвртото издание на нашиот проект “Битрикс Спешлс” во рамките на кој ќе се одржат 18 танцови работилници од нашите кореографи, а две работилници ќе одржат и кореографите на нашите пријатели од танцовите студија “Аква” и “Вајб” . И покрај тешките времиња, најдовме начин како да ја продолжиме магијата на танцот и се стремиме кон тоа да не замре можноста за споделување, размена на знаење и едукација. Впрочем, кога Битрикс не танцува сам по себе, работи на создавање платформи за едукација, доусовршување, локална соработка, поддршка.

Фото: Марио Андоновски

Како танчер си соработувала со многу музичари, за многу спотови и настапи. Кои би ги издвоила?

Навистина долгогодишната работа во оваа дејност ми овозможила да запознаам и да создадам пријателства со многу прекрасни луѓе и да соработувам со речиси сите артисти од регионот. Иако во изминатите две години мојот фокус е далеку од комерцијалните аспкети на танцот, сите овие искуства ми се драги и носат прекрасни спомени. Доколку морам да издвојам некои од нив, секако ќе ги истакнам токму двете жени – борци кои ги споменавте и вие, Елена и Туна, бидејќи со нив најмногу и најдолго сум соработувала. Многу ми се драги исоработките со Адријан, кој бездруго е и одличен во танцувањето.

Како настанува една кореографија и колку време е потребно за таа да се усоврши?

Создавањето на една кореографија може да е резултат на моментален импулс, креативен порив, секако поткрепен со целата плејада на предзнаења, техники и искуство, или пак резултат на долг истражувачки процес. Некогаш кореографијата е готова за две минути, а некогаш се потребни два месеци. Тука секако игра улога и контекстот, условите, психолошката и физичката состојба на креаторот, намената и длабочината на делото. Усовршувањето исто така зависи од условите, подготвеноста на танчарите кои се вклучени во процесот, искуството на кореографот и динамиката и интензитетот на пробите.

Фото: Марио Андоновски

Кој е ритуалот кој вообичаено го правиш пред настап?

Пред настап, се повеќе сакам да се оттуѓам, да се повлечам и да си овозможам да поразговарам со себе. Бучава, луѓе, хаос не ми годи, па сакам да се одвојам од толпата, да се преиспитам, повторам, да се подготвам психолошки и физички и да издишам.

Која возраст е најдобра за да се почне со танцување? Дали е возможно да почне некој повозрасен и да има соодветен напредок?

Како и за се’ секогаш е подобро нештата да се започнат на помала возраст како би добиле можност додека се се’ уште млади активно да работат на развој на своите потенцали. Сепак, не ретки се приказните на оние кои започнале да танцуваат на значително поголема возраст, а постигнале големи успеси. Во нашиот центар има членови од 4 до 28/9 години, а од лани имаме и група на мајките на нашите дечиња кои изненадија со резултатите од вежбањето.

Зошто децата треба да се запишат на танц и како знаете кога некое дете е особено талентирано? 

Танцот е одлична алатка за целосна активација на телото, поттикнување на правилен раст и развој на телото, зајакнување на мускулатурата и сврзните ткива, зајакнување на кардиоваскуларните и аеробните способности на телото, будење на свеста на детето за телото, просторот и времето, како и унапредување на когнитивните способности: фокус, концентраџија, перцептивност, реактивност, координација. Дополнително танцот е одличен за развивање на социјалните вештини кај децата.

Од апспект на талентот, навистина е тешко да се заклучи кога децата се мали. Не ретко се случило дете кое во почетокот покажало значителна музикалност и моторички способности, подоцна да заостане во однос на друго дете кое на почетокот речиси било незабележително. Тоа е така, едно бидејќи детските тела се менуваат како што растат, а друго поради тоа што танцот како и се останато бара работа која сочинува 90% од крајниот резултат.

Доколку можеш да одбереш, во која ера би сакала да живееш и танцуваш?

Многу ретко размислувам за тоа што би било кога не би била од ова време, бидејќи реалноста е дека ова е моето време. Можеби не е најдоброто, но е моето време.

Колку е различна Ивана додека танцува, и надвор од студиото/сцената? Дали целосно го менуваш стилот на облекување додека танцуваш?

Сите ние поставени во различен контекст сме различни. Животот од мене побарал или јас сум се поставила во различни улоги зависно од моменталните потреби. Така и во Битрикс, мојата личност се појавува и во улога на менаџер, танчар, кореограф, педагог, организатор.

Така, она што се трудам да бидам независно од контекстот е: искрена, отворена, посветена, дисциплинирана, исполнителна, одговорна, чесна и емпатична.

Колку е важна облеката/костимот за да се добие целосна слика на танчерот?

Мене лично ми е многу. Костимографијата е нераскинлив дел од целокупниот перформанс, па така не би можела да се изземе бидејќи цело е само кога има се’. Облеката значително влијае на тоа како се чувствувам, така што и во приватниот живот, а и во танцот облеката ја носам според она што чувствувам дека ми е потребно дента: текстура, боја, комфорт, ризик, забава. Така, ги имам своите широки тренерки за добар грув, или пак развлечени маици кои додаваат шмек на движењето со рацете, а имам и штикли во плакарот кои ги носам кога не танцувам.

Фото: Марио Андоновски

Што ќе им кажеме на оние кои сакаат да почнат со танц, а можеби немаат самодоверба да го направат тоа?

Животот е борба сам по себе, а стравовите се победуваат само со контра акција, соочување и спротивставување. Ние сите танцуваме во секојдневниот живот, од дома, до диско, или на забава. Танцот е во нас, само треба да се разбуди, а да се отклони стравот дека некој ќе ни суди за квалитетот на нашите движења. Во Битрикс се трудиме да создадеме средина на прифаќање, разбирање, поддршка која е предуслов за еден човек да се чувствува безбедно, па така речиси и да не постои некој кој не успеал да ги надмине своите стравови. Како и за се во животот, важен е првиот чекор, а потоа се’ е лесно.

Фала!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!