Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Муабет со блогерката Никица Ацева за нејзиното „модно катче“

Оваа недела, си направивме муабет со модната блогерка Никица Ацева. Навистина ни се допаѓаат нејзините модни комбинации. Одлучивме да ја прашаме како ги одбира вистинските парчиња, важноста на социјалните медиуми и креирањето на инстаграм блог профил.

Здраво Никица!

Профилот ти е одличен, и ни дава боја на секојдневието. А и блогот. Почна пред неколку години и многу брзо се разви, колку работа е потребно за тоа?

Благодарам многу на убавите зборови. Работам многу. Целосно сум и посветена на оваа работа, односно за мене инстаграм не е хоби, туку буквално работно место со “флексибилно” работно време. Некој се уште ќе каже дека блогерството не е професија, но јас одбрав да верувам во спротивното и сега за сега сум задоволна од резултатите. Се обидувам да бидам различна и да донесам нешто што го нема на ниеден друг профил и сметам дека само тоа е патот до успехот.

Како го создаваш своето стилско ќоше (Stylish Corner)?

Всушност иако моето име на инстаграм е врзано за локација, јас се уште не го пронајдов моето совршено ќоше, каде што би ги менувала само комбинациите за сликање, а се друго да биде исто. Голема желба ми е да отворам кафуле во француски стил на некој ќош во градот, каде гостите ќе можат да уживаат во убаво кафе, кроасан, омлет и сонце. Оттаму всушност и идејата за името.

Како одбираш што да облечеш за фотосесија?

А кога станува збор за аутфитите, одбирам поразличо од другите. Никогаш не можам да застанам пред огледало и да комбинирам. Се си имам смислено во глава и кога ќе дојде моментот се облекувам, и по потреба додавам аксесоари. Ми се има случено да утнам неколку пати хаха, но повеќето пати техниката е успешна.

Прашањето кое многумина ги интересира, кој те слика? 

Човекот на кој му должам најголемо благодарам, мојот партнер Дамјан. Тој е мојата најголема поддршка од самиот почеток, уште кога сликавме со телефон, па се до денес кога можам да кажам дека стои позади вистински професионален објектив.

Дали инстаграм профилот и блогот, се твоја работа или хоби? Можно ли е, во Македонија да се живее од мода и модни блогови?

Како што веќе споменав во првото прашање, ова е моја работа од која моментално живеам и мислам дека секој што нуди квалитет во својата област може добро да заработи. Ова е сепак еден вид маркетинг, а според мене можеби и најважниот, бидејќи публиката сака да слушне и верува на искуството на обичните луѓе, а позади секој ваков профил се крие токму тоа, еден обичен човек.

Омилена комбинација за есенскиот период?

Овој период сакам топли тонови и обожавам да експериментирам со слоевито облекување. Тешко ми е да изберам една комбинација ама еве ако морам нека биде оваа.

 Најлајкувана фотографија од публиката?

Убедливо оваа…

Како почна соработката со брендовите со кои соработуваш моментално?

Електронската пошта ми е секојдневно полна со понуди за соработка. Секогаш ги избирам брендовите на кои им верувам и приватно ги практикувам, со цел да останам доследна до својот стил, заради кој ме следи мојата публика.

Омилен дневен ритуал и ритуал за нега на кожата?

Омилен ритуал ми е конзумирањето кафе и секогаш сакам да одвојам барем половина час од денот за да уживам во него. А одржувањето на кожата, ќе бидам искрена, не ми е јака страна. Сепак и пружам основна нега, длабинско чистење на лицето по напорен ден, освежување со тоник за лице, а моментално во ладните денови користам и дневен крем од дуња, кој ја штити кожата од надворешни влијанија и ја одржува хидрирана.

Кажи ни некој трик, за совршена фотографија… за оние од нас што не се толку вешти пред камерата?

Најубавите фотографии секогаш се спонтаните и природните. Се почесто се сликам во движење, да се фати случаен момент и целиот концепт на фотографијата да им биде што пореален и поблизок на оние кои ја гледаат.

И за крај, како што почнавме. Која е девојката зад прекрасните фотографии, каде студираше, дали си спортувала нешто како дете, имаш ли некое хоби?

Јас сум студент на филолошкиот факултет на отсекот превод и толкување, германски јазик. Канцеларијата не ми е пасија, па затоа почнав да се занимавам со блогерство, тука сум своја и чувствувам дека можам да се изразам најдобро. Имам повеќе хобија, како што кажав и погоре ги сакам уметностите и се што е врзано за нив, долг период пеев, но не се остварив во тој сегмент, можеби некогаш во иднина ќе се обидам пак, бидејќи музиката ми е прва љубов. Како мала тренирав бадминтон долги години, но тој спорт, за жал, згасна во Македонија. А најмногу време сакам да поминувам со моите миленици и со партнерот.

Како се справуваш со Пандемијата, дали и колку те погоди?

Пандемијата го сврте целиот свет наопаку. Никој не беше подготвен да се справува со “новото нормално”, но треба да останеме смирени, да дејствуваат конструктивно и целно за да ги надминат затворените врати и ѕидови. Јас се трудам да се фокусирам на тоа што го сакам, да вежбам, да гледам филмови и серии, и се надевам дека за некој месец ќе се вратиме на старо.

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!