Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Софија Куновска: Покрај сите тешкотии, денес во театарот сепак се случува уметност

Ова утро разговараме со актерката и екс-пратеничка Софија Куновска. За театарот, кризата во која се наоѓа перидов и за убавината на актерската професија. Секогаш елегантна, па така и во одговорите кои следат, Куновска зборуваше за сегашните и идните предизвици како и за тоа да се биде жена и во театарот, и на филмското платно, и на пратеничката говорница.

Здраво Софија и добредојдовте кај nea.mк! Почнуваме со неколку кратки прашања, за загревање:

Театар или филм?

Филм во последно време.

Џогирање или теретана?

Џогирање.

Тарантино или Скорсезе?

Скорсезе. И Тарантино. А и Вонг Кар Ваи.

Кафе или чај?

Кафе наутро, чај попладне.

Утро или вечер?

Зависи од предизвикот.

Македонска или регионална продукција?

Регионална копродукција.

80тите или 90тите?

Секое време, своја убавина. Загледана сум напред.

Собраниска говорница или театарска сцена?

Театарска сцена. Дојде време на собраниската говорница да се качува кој ќе стигне. За среќа, на сцената не е така.

Добро, а сега со потешките прашања.

Како сте?

Благодарам, сосем добро. Убава, кротка, топла есен. Се носам некако со сите предизвици. Сепак чувствувам силна пресија од сите ограничувања кои ни ги наметна пандемијата. Како сте вие?

Фото: Марио Андоновски

Одлично! Направивте пауза од театарот и бевте активни на политичката сцена, а потоа му се вративте. Колку е сменета сцената, и што е ново?

Избегав бидејќи имаше период во кој беше окупиран театарот. Мислев дека од позиција на директен учесник во процесот на одлучување ќе можам да го менувам светот на подобро. Што делумно се покажа и како точно. Се вложив во таа задача 15 години. Но, во тој свет бунтовници и се потребни на опозицијата. Власта бара нешто сосем спротивно. Послушници. Така снема место за мене во политиката. Сакав да бидам коректор и во нашите редови. Денес тој порив го задоволувам како вокален граѓанин.

Сменета е атмосферата во театарот. За разлика од деценијата во која се работеа политички нарачки, денес и покрај сите тешкотии, сепак се случува уметност. Поприсутни се оние кои не се делат на наши и ваши туку се таму заради љубов кон професијата. Театарот се обидува да ги врати своите врвни вредности, критичка димензија на стварноста, совест на општествената реалност и предупредување за тоа каде одиме кога се во прашање најважните егзистенцијални прашања. Дали е така поради свеста дека уметноста треба да се остави на мира од политички влијанија или поради зафатеност со „поатрактивни“ ангажмани, нека остане индивидуална проценка.

Пред почнувањето на КОВИД кризата работевте на два големи проекти. Еден од нив беше претставата „Крал Иби“ која само што почна да „игра“ беше прекината. Ќе се врати ли театарот, по пандемијава, со нов сјај?

Крал Иби беше задоволство да се работи. Голема екипа, многу креативна енергија и убав остров на творечка слобода. Секоја криза носи потенцијал во себе. Уверена сум дека овој театарски пост уште посилно ќе го исцрта местото и важноста на театарот, докажувајќи дека во здравјето на едно општество покрај образованието, рамо до рамо стои културата. Цврсто верувам дека во општиот пад на вредности и деградација на општеството во целина, но и на голем дел професии, лежи токму во перманентното потфрлање во грижата и девалвацијата на образованието и културата во земјата од осамостојувањето до денес, независно која гарнитура е на власт. За да „пораснеме“ мораме да ги освестиме овие факти и активно да делуваме.

Театарот пак е особено важен затоа што, како што би рекол Рускиот режисер Анатолиј Василјев, театарот ни е потребен на сите, зашто може да каже се. И како живеат боговите на небото. И како чмаат затворениците во темнина. И како страста придвижува. И како љубовта исчезнува. И како добрите луѓе ни се непотребни. И како владее лагата. И како луѓето живеат во куќи а децата во бегалски кампови, и како се разделуваат од најблиските. Театарот може да зборува за сето тоа. Театарот постоел и ќе остане засекогаш.

Фото: Марио Андоновски

Кои се омилените проекти на кои сте работеле како актер?

Најмногу професионализам и ентузијазам имаше на крајот на 80те и почетокот на 90тите во МТВ. Мислам дека МТВ никогаш повеќе нема да биде толку моќен и професионален јавен сервис како што беше во тој период. Меѓу останатото, имаше сериозна играна и образовна програма, како и културна редакција која што ја следеше и рецензираше културната сцена. Тогаш работев на Заминувањата од Пасквелија, Ѕвездите на 42та, Бушава азбука. Драмски театар во 90тите со сите претстави на тандемот Унковски/Стефановски се неповторлив период. Работата на Збогум на 20век ја доживувам како драматичен естетски и жанровски исчекор во македонската кинематографија. Освета на чело со белгискиот режисер Јан Хинтјинс беше исклучително искуство заради високите стандарди за работа и странските соработници од кои сите учевме. Диво месо на Алесандар Поповски беше искра светлина во најтемните времиња што ги паметам. Многу тешки воздишки, грутки во желудникот и солзи во очите на оние кои ја гледаа претставата, без ралика каде и да ја игравме. Со претставите на Унковски и Поповски му се претставивме на светот во многу поубаво светло, како многу посензибилизирани за многу прашања одошто реално сме.

Што е според вас најдоброто нешто, продуцирано во последните години во Македонија, кога е филмот и театарот во прашање?

На театрите секогаш  им недостигале средства и услови за работа, а така е и денес. Но тоа никогаш не било пресудно за резултатот. Театарот е жилав и може да се случи и на празна сцена и на сцена со маса и две столици. Што се однесува до филмот, ми се чини дека продукциски сосем солидно стојат како копродукциите така и покрупните домашни продукции.

Претставникчка сте во Регионалната Унија на театари од Македонија, што значат овие соработки? Што можат да донесат за македонскиот театар?

Подолг период по распадот на поранешна СФРЈ и се што тој распад донесе, не принуди на некој начин да се изолираме од регионот. Сега повторно се отвораат вратите и тоа движење е многу значајно за уметниците и за публиката. Ја конституиравме РУТА (Регионална унија на театри) во која членуваат МГЛ Љубљана, Улисис театар од Бриони, Камерен театар 55 од Сараево, Београдско драмско позориште, Подгорички градски театар и Драмски театар-Скопје. Планираме гостувања и соработки а сето тоа е можност за пловење на отворено море, прилика за проветрување и излегување од нашите мемливи подруми, натпревар во поширока конкуренција, соработка, учење едни од други. Пандемијата ги помести но не ги растури нашите планови. Ако има услови веќе во март би требало во Белград да се случи копродукција на претстава по текст на Јосиф Бродски, „Демократија“ во режија на Вељко Миќуновиќ. Исто така би продолжиле и со фестивалите кои веќе се одржаа во Белград и Подгорица а требаше и во останатите градови на членките на РУТА. Идејата е секои два месеци еден од градовите да биде домаќин на 6 вечерен фестивал на кој ќе гостуваат со по една претстава театрите членки на РУТА.

Фото: Марио Андоновски

Има ли разлика во односот на македонското општество кон жената од почетокот на вашето работење, до денеска?

Внатре во заедницата на театарот и филмот никогаш не сум почувствувала предрасуди кон себе или кон некоја колешка бидејќи е жена. Тоа е далеку поеманципиран свет. Наспроти тоа, за жал нееднаквоста на жената со мажот е многу поприсутна во општествено-политичкиот живот. И тоа,  и кон жените во нивното опкружување но и кон останатите жени во другите професии. Политиката е немилосрдна средина за жените и покрај сите декларативни заложби за рамноправно учество на двата пола и поголемо номинално присуство. Суштински позицијата е сеуште далеку од посакуваната. Особено впечатливо е што „жена на жена и е волк“, веројатно бидејќи е мал просторот за повеќе жени, иако светот одамна сфати дека учеството на жената обезбедува комплементарност во совладувањето на општествените проблеми а не конкурентност. Народски речено, мала бара многу крокодили. Заклучокот е: лет во место.

 Доколку можете да одберете, со кој режисер би работеле? Може да биде кој било, каде било во светот.

Нешто за задоволство, не мора да е за Оскар. Филм во режија на Вуди Ален, да речеме…

Фото: Марио Андоновски

Како би изгледала македонската театарска и филмска сцена, во еден совршен свет?

Топли и чисти, обновени театри, полни со луѓе кои чувствуваат посебна свеченост кога чекорат низ портите на театарот,  а претставата ја доживуваат како голем празник за својот духовен живот. Почитувани и исполнети актери, кои душата ја оставаат на сцена. Премиери, богата понуда за публиката. Глад за уметност. Во рестораните и кафулињата да се разговара за одгледаната претстава наместо за пари. Децата и младите задолжително да посетуваат  театарски претстави како дел од образовниот процес наместо да денгубат. Изграден филмски град во кој постојано се снима. Постојана продукција и многу поголема соработка и размена со подобрите од нас, надвор од земјата.

 Важите за една од најатрактивните актерки во Македонија, најверојатно на сите времиња, како се грижите за себе? Колку од тоа е надворешна грижа за себе, а колку внатрешна?

Благодарам за убавите зборови. Живеам со мерка. Малку пребрана храна, без никотин, чаша вино и пријатни луѓе околу себе. Мирна совест, убав сон. А убав сон, велат e „beauty sleep“. Се обидувам да си обезбедам  спокојност, без преголеми планови и амбиции… Нега, но во поширока смисла, не само на телото туку и на духот. Немам опсесија со козметички и фризерски салони.

Што треба да знаат помладите актерки, па и политичарки, пред да „влезат“ на сцената?

Дека паралелно со образованието треба да станат добри личности. Треба да работат на својата објективна самодоверба, одмереност, пристојност, достоинство, етичност. Тоа не е ниту малку ниту лесно, но ќе им помогне да се изградат во стамени и силни личности.

Фото: Марио Андоновски

Дали и колку актерството и политиката се слични или различни?

И двете професии се врзани за јавност, за настап, за сцена, за уверување на оној што ве слуша во вашите зборови. Театарот останува да облагородува засекогаш. Политиката била, но секојдневно се повеќе се претвора во јалова, груба и примитивна пресметка заради користољубивост.

Благодариме, и дали можеби имате вие нешто да не прашате?

Благодарам и јас на можноста. Сакам да ви посакам долгогодишна успешна работа, професионален растеж и да имате многу жар и задоволство во ова што го работите.

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!