Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

„Ретуширани фотографии“-ни најубавите актерки не им се дораснати на „инстаграм“ стандрардите

Со појавата на Инстаграм се популаризираше и менувањето на фотографиите. И додека некои филтри се слатки, интересни, смешни и весели, филтрите за „разубавување“ стануваат по малку страшни.

Полни усни, совршени заби, подигнати јаболчници, подотворени очи, подигнати веги, стеснета половина, измазнети бори… Константо гледаме вакви фотографии на социјалните медиуми. За некој можеби тоа е убаво, но не е реално и прави сите да изгледаме исто. Убавината на жените е во нивната посебност, сјајот во очите (неретуширан) и искрената насмевка. Доказ за тоа дека жените ги сакаме такви какви што се, се и овие фотографии од променети лица на некои од најубавите жени на светот.  Погледнете ги фотографиите и ќе разберете за што станува збор.

Моника Белучи отсекогаш била една од најубавите жени на светот. Таа е природно убава и прекрасно старее. Она што е специфично е дека и малкуте бори кои ги има ги носи со сексапил, па можеби и поголем од оној кој го имала во младоста. Затоа десната слика, кога требала да ја „разубави“ оваа жена според нас е далеку полоша од оригиналот.

Рејчел Грин, ликот кој во култната серија „Пријатели“, го игра Џенифер Анистон буквално го освои светот. Рејчел е прекрасна девојка, не нема ултра полни усни, ниту огромни јаболчници, ниту подигнати веѓи, но има своја убавина и шарм. Шармот е токму во мимиките кои ги прави, реакциите и насмевката. Истата се губи во обработената фотографија. Рејчел е совршена таква каква што е! Најверојатно ако изгледаше различно, и „испеглано“ немаше целиот свет да полуди по неа.

Шакира, лево, „НеЗнаемеКојаЕОвааДевојка“ десно. Буквално е непрепознатлива на втората фотографија, латино кралицата која сите ја сакаме. Шакира со природната коса, насмевката, танцот и моќниот глас го осовојува светот секој ден. Таа совршено ја носи природната убавина која ја поседува, така што не и е потребна промена и дигитална „шминка“.

Анџелина Џоли, основата на која се базираат инстаграм филтрите. Крупни светли очи, полни усни, јаболчници, и подигнати веѓи… Ако и тоа не е доволно, не знаеме што е. Овој вид на едитирање буквално ја убива самодовербата. Практично покажува дека секој може да биде „посовршен“, бришејќи ги сите други карактеристики. Според нас треба да се слават посебностите и харизмата на жените, а не истите да се бришат.

Ан Хетуеј, (Anne Hathaway), „Дневникот на принцезата“, „Ѓаволот носи прада“, „Мачка-жена“ се само дел од филмските хитови во кои главната улога ја има токму оваа актерка. Иако изгледа слично на двете слики, но сепак бледиот тен и природно црвените усни кои се нејзин заштитен знак, се „избришани“ во фотошоп. Го молиме авторот да и ги врати, затоа што одлично и прилегаат.

Камерон Дијаз – ангелот на Чарли, а и самостојната жена која се издигнала над многу животни предизвици носејќи една од најзаразните насмевки во Холивуд. Нема потреба од фотошоп и без тоа го освојува светот. Таа на своите профили постојано поставува фотографии каде и се познаваат борите од смеење. Камерон Дијаз докажува дека жените се секси (ако не и посекси), во зрели години.

Кетрин Зета Џонс – Силната хериона од филмот Зоро, „разубавена“. На втората слика променета е нејзината специфична усна и закосените очи и се подотворени. Доколку изгледаше вака, најверојатно немаше да ја запомниме. Специфичните црти на лицето ја прават многу поубава.

На оваа фотографија, Брук Шилдс е дете. Перфектна, прекрасна тинејџерка. На левата фотографија, а на десната е уште еден „инста“, бјути филтер.

Бијонсе. Иако изгледа слично на двете фотографии, сепак ликот и е испеглан и додаден е контраст на втората. Овој едит не е многу страшен, но следниот ќе молиме да не се повторува.

Не! Џулија Робертс, ја има најзаразната насмевка во Холивуд (ако не и пошироко). На десната фотографија некој се обидел да и ја подобри. Но наместо тоа, ја направил безлична.

Кристен Стјуард, ја знаеме од Самрак трилогијата. Обидувајќи се да ја сменат буквално ја направиле непрепознатлива. Нејзиниот залутан поглед, е заштитниот знак и она кое ја прави симпатична и посебна. Тоа десно, е некој друг, не девојката која сите тинејџерки ја обожаваа во Самрак и дефинитивно не е глумицата која ја портретира легендарната Џоан Џет.

Фотографиите ги споделуваме за да покажеме дека светот е поубав без фотошоп, дека различните и посебните убавини им помогнале на овие актерки да го освојат светот. И дека секоја девојка е најубава онаква каква што е. И, не се грижете ако не изгледате како девојките од инстаграм, ни тие не изгледаат така!

Од друга страна има многу филтри кои се смешни и интересни и обожаваме да ги користиме. Ви ги предлагаме оние изработени од нашата Стела Поповска @lapuff , пробајте ги и насмејте се!

 

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!