Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Прашај пријателка: 3 девојки споделија како ја негуваат својата кожа

Често на социјални медиуми гледаме најразлични рутини за нега на кожа. Тие се во 2, 3, 5, 10... 1000 чекори. Од друга страна има...

Мартина Баракоска: Ме радува што се повеќе девојчиња свират тапани

Првото интервју на nea.mk е со Мартина Баракоска. Мартина е бубњарка, која беше член на бендот Дупер. Денеска е дипломирана музичарка, и работи на проекти со Владимир Четкар, Љубојна и многу други. Да не должиме, Мартина не пречека со насмевка и ни раскажа се што ја прашавме.

Здраво Мартина!

Здраво, Неа!

На старт малку ќе се „наштимаме“ со неколку кратки прашања:

Billy Cobham или Андерсон Паак?

Уф, од „старт“ не можам да се одлучам! Били во умот, а во душата(духот) Андерсон Паак.

Поп или рок?

Кога бев помала рок, а сега поп.

Трап или фолк?

Трап.

Ролерки или точак?

Точак. Не знам да возам ролерки (шш)

Кармин или лабело?

Лабело!

Фустан или фармерки?

Фармерки.

Филм или серија?

Во последно време серија.

Настап во живо или снимање во студио?

Двете. Прво да си снимиш во студио, па да си свириш.

Средно или Факултет?(кое беше подобро)

Двете ми беа убави. Мислам дека Мартина од средно и Мартина од Факултет се различни личности.

Која повеќе ја сакаш?

На факултет!

Добро 10ка имаш. Тешки прашања беа. Спремни за овие подолгите прашања?

Мартина: Уф 10ка! Да.

Само што ни кажа дека дипломираше. На музичка академија, така? Како беше на академија? 

Супер беше! Желбата беше пресудна да се запишам. Во средно немав особен интерес за предметите, гимназија беше и учевме се. На факултет знаев што сакам, која ми е целта и бев фокусирана. Во средно лутав. Иако бев во бендови и знаев дека  во гимназија ни тежат уште многу предмети кои не не интересираат. Како ми беше на академија? Па мислам дека никаде немаше да бидам толку амбициозна, колку што бев на тој факултет. Затоа што го учев тоа што навистина го сакам!

Затоа што си амбициозна, планираш да одиш на Мастер? И дали остануваш тука, во Македонија?

Да, секако! Сакам да одам на постдипломски студии во странство. Ќе се обидам во Америка или Скандинавија/Англија. Повеќе би сакала во Америка, таму се’ се случува во музичкиот свет моментално. Тоа не значи дека сакам да останам таму, но сакам да се ставам во таква ситуација, да учам од најдобрите и на некој начин да ме избутка напред средината. За кај нас, иако факултетите не се совршени, нема најдобри услови, морам да кажам дека имав прекрасни професори, кои имаа огромна желба и посветеност во работата со нас. И тоа ме натера да дадам максимум. Мислам дека со малку, може да направиме да биде подобро и тука.

А би се вратила тука?                        

Да. Ја сакам Македонија и сакам да бидам и тука. Но не само тука, и не само таму. Сакам секаде да имам корени.

Фото: Марио Андоновски

Колку е често девојки да студираат удирачки инструменти (тапани и перкусии)?

Па има се повеќе. Не само тапани, имам колешка која свири и на контрабас, тоа е исто габаритен инструмент. Често свириме во исти бендови. Се повеќе девојки се одлучуваат за вакви инструменти. Колку повеќе не има, толку повеќе девојчиња сфаќаат дека не е важно дали се женски, дека сепак може да свират на секој инструмент. Дефинитивно треба жените да свират и габаритни инструменти, бидејќи силата воошто не е важна. Важна е љубовта, знаењето, вештината, посветеноста, талентот… Се освен силата! Дури и на музичката Академија, на класичниот смер, професорката по перкусии е Мојца Седеу, таа е исто така жена. Јас многу ја почитувам и сакам. Кога почнала и таа била „атракција“, на луѓето им било чудно дека свири на огромни тимбани, џиновски инструменти. Има уште неколку девојки кои знам дека ќе се занимаваат со тоа а сега се во средно. Тејка е девојка-тапанарка која прави многу за „бубњарската“ заедница.

Кој е ритуалот пред настап на една „бубњарка“?

Најверојатно вака ќе ме видите и на настап. Не сум во фустани и штикли. Не ни можам. Мојот ритуал е поврзан со самото свирење и бендот. Сакам да сум сама (да се сталожам и загреам) но само 10-20 минути. А непосредно пред настап сакам да се дружам со бендот со кој свириме. Мислам дека тоа е многу важно за да ни се „спојат енергиите“, да си поразговараме, и потоа на сцена се оди многу полесно. Сите сме целосно таму, фокусирани на музиката и на тоа што го правиме за публиката која дошла да не слуша. Може и една чашка алкохол, позитивно ми влијае за опуштање. Никако премногу. Една чашка.

Кој ти е омилен пијалок?

Пред настап чаша жесток алкохол, на пример ракија или вино. Баш македонски (се смее).

Некаде прочитав дека сакаш да сликаш/црташ, што најмногу црташ?

Сега многу ретко цртам. Две работи најмногу сакам да цртам. Она што го гледам. Како мала знаев да седнам во дневна и да го цртам она што го гледам. Сакам да цртам и некој лик кој ми е фасцинантен. Личност која ми е убава или ја сакам. Или да почнам од ништо и да цртам апстрактни линии. Тоа е најдобра терапија за мене.

Од цртање, ќе прескокнеме на мода, имаш ли омилени брендови за облека? Кои и зошто?

Па имам неколку брендови од кои сакам да купувам. Зара ми е омилена за панталони. Овие на мене се од Zara. Zara и Pull and Bear. Calvin Klein од поскапите брендови. Но што и да носам секогаш се враќам на Adidas. Многу ми се допаѓаат. Мислам дека им е време да ме поддржат (хаха).

Фото: Марио Андоновски

И треба. Каде можат да те слушнат оние кои сакаат? Беше во Дупер, а сега си дел од повеќе музички проекти. Што е ново?

На почетокот на летото, кога почна организирањето на концерти свиревме на отворено со Владимир Четкар. Тоа е диско-фанк музика. Многу убава за свирење во живо, а ако сте во публика и за играње. Весела музика е и бара кога излегуваш на сцена да се дадеш 100%.

А што е следно?

Најинтересно што сакам да го споделам е дека почнавме со Љубојна да свириме. Ќе биде малку понов звук. Пробуваме да комбинираме модерни звуци со изворната музика која ја свири Љубојна. Многу го сакам овој проект затоа што многу музичари кои ги сакам се дел од него. Имавме еден настап на Сине Дејс. Фрлање во оган беше, три дена проби и веднаш настап. Ама беше одлично!

Едвај чекам да го слушнете. Отсекогаш сум сакала да свирам со Љубојна, затоа што навистина премногу знаат за македонската музика, за изворните звуци и многу се отворени за идеи, за комбинирање на звуци и тоа секогаш звучи одлично. Изворната музика не се учи од книга, само ако биде пренесена. И затоа многу ми е мило што можам да свирам со Љубојна.

Сонувам за соло кариера во која ќе соработувам со други музичари. Во насока на поп музика, не класичен поп, нешто кое е прифатливо за публиката, а е сепак во мој стил. Веќе подготвувам нешто и мислам дека публиката ќе го обожава!

Тоа е тоа, ако имаш можеби ти нешто да не прашаш ќе ти одговориме.

Се знам, фала.

Фотографиите за nea.mk ги направи фотографот Марио Андоновски, кој не смести во неговото студио. Со бубњеви, секако. Фала, Марио!

Услови за преземање на содржината
Објавите на nea.mk се оригинални содржини креирани од нашите автори. Забрането е преземање без согласност од nea.mk и без споделување на линк до нашата платформа.
НЕА
НЕА
НЕА е автор на најразлични содржини. Целта е да ги забавуваме сите девојки од сите возрасти, но и да зборуваме за сериозни теми кои ги интересираат. НЕА може да биде секоја девојка од нашиот тим, немаме цел да напаѓаме, само да шириме љубов и „Girl power“!
- реклама -

Must Read

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Зошто носиме фармерки на 28 Април – ден за борба против сексуалното насилство

Секоја година на последна среда од месец април се обележува т.н. Denim Day чија цел е да придонесе во капањата за подигање на свесност...

Поврзани објави

Ресторан „Lоve“: Од ова лето во Скопје ќе уживаме под магично ѕвездено небо!

Ова лето во Скопје, започнува Вашата и наша вкусна приказна наречена „Løve“ (Лав). Тимот на веќе добро познатиот – Аlikas Wedding Center отвора нов...

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина.

Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина. Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на...

Маја готви од А до Ш: Ч како чорбица во три бои

Стигнати сме до чудни букви, буквата Ч е денес на ред. Ч- ЧУДО! Така беше на бушава азбука! Кај мене е Ч- Чораба –...

Напишете коментар

Ова поле е задолжително!
Внесете го вашето вашето име!